Износ/Учество |
- При користење кредит за финансирање станбена изградба, корисникот на кредит е должен да обезбеди минимално сопствено учество од 10% од вредноста на проектот, при што износот на кредитот се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, а максимално до 90% од вредноста на проектот;
- При користење кредит за финансирање долгорочни инвестициски проекти (инвестирање во опрема, земјиште, купување, градба, реновирање или доградба на деловен простор, возен парк, основно стадо, како и рефинансирање на претходни вложувања), корисникот на кредит е должен да обезбеди минимално сопствено учество од 20% од вредноста на проектот, при што износот на кредитот се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, видот и квалитетот на понуденото обезбедување, а максимално до 80% од вредноста на проектот. Исто така, во рамките на инвестицискиот кредит можно е да се одобри и износ за обртни средства кој не може да биде повисок од 30% од вкупниот износ на кредитот.
|