•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Електронски сервиси за информирање

Користете ги електронските сервиси за информирање на ТТК Банка АД Скопје доколку сакате брзо и сигурно да добиете информации за состојбата на вашата сметка и за вашите трошоци. Со веб, е-пошта и смс пакетите, вие имате поголема безбедност и заштита при реализација на трансакции, поголема контрола на состојбата на вашата сметка, а притоа го заштедувате и вашето време.

Предности на веб, е-пошта и смс пакетите:

  • Едноставен и брз пристап до бараните информации;
  • Следење на состојбата на картичката 24/7;
  • Поголема заштита при реализација на трансакции;
  • Повеќе време за вас.

Кој може да биде корисник на електронските сервиси за информирање?

Корисник на услугата може да биде секој корисник кој користи некој од следните производи на ТТК Банка АД Скопје:

  • Денарска/девизна платежна сметка;
  • Кредит;
  • Дебитна или кредитна картичка;
  • Депозитен производ;
  • Поседува мобилен телефон/електронска пошта.

Овозможете си ја комоцијата при вршењето на вашите финансиски работи со едноставно одбирање на еден од пакетите за електронско информирање, во зависност од вашите потреби!

Повеќе информации за пакетите можете да прочитате во Тарифата за надоместоци за користење на електронските сервиси за информирање на ТТК Банка.