македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Бизнис картички

VISA Business Credit - Кредитна картичка

 

 

Предности на VISA Business Credit: • Едноставно бесконтактно плаќање во земјата и во странство, без провизија • Подобрување на готовинскиот тек (cash flow) на Вашата компанија •  Можност за издавање голем број картички во рамките на Вашата компанија • Минимум месечно подмирување на искористениот кредит од само 5% • Кредитен лимит до 600.000 денари • Дневен лимит до 250.000 денари • Рок на издавање 3 години • Револвинг картичка со подмирување на само 5% месечно од сумата • Бескаматен период до 15-ти наредниот месец • Промена на дневен лимит за плаќање преку Интернет преку електронското банкарство и мобилното банкарство на ТТК Банка • Едноставно плаќање и следење на сметката и на трошењето преку  електронското банкарство  TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank • Следење на состојбата на сметка преку електронските сервиси за информирање • 24-часовна поддршка на корисниците, насекаде во светот.

 

Корисници

·    Правни лица - клиенти на ТТК Банка АД Скопје. По исклучок Банката ќе издава Visa Business Credit кредитнa картичкa на правни лица кои се депоненти на други банки кои во согласност со  кредитната политика на Банката не ги исполнуваат  условите за одобрување на кредитниот лимит, доколку заложат депозит во Банката, во висина на кредитниот лимит на картичката зголемен за 10,00%.

·     Корисници на картичките се физички лица овластени од страна на правните лица.

Валута

·     МКД/ЕУР.

Износ

·    Кредитен лимит во зависност од кредитната способност, но не повеќе од 600.000 денари.

Рок

·     Прво издавање – 3 години;

·     Обновување – 3 години.

Можности

·     Дневниот лимит  за Visa Business Credit кредитната картичка изнесува 250.000 денари во трговија и на банкомат заедно;

·    Банката ќе одобрува бескаматен период до 15-ти во следниот месец за трансакции направени во трговија (плаќање стоки и услуги) во тековниот месец;

·    За побарувањата кои ќе бидат подмирени по тој рок Банката ќе пресметува казнена камата  во висина на максималната каматна стапка дозволена со законските прописи, од датумот на доспевање на месечното побарување (секој петнаесети во месецот) сè до неговото целосно подмирување.

·     Месечниот циклус започнува на почетокот на месецот и завршува на крајот од месецот. Корисникот е должен во рок од 15 дена по завршување на месечниот циклус да измири минимум 5% од износот на минусното салдо до кредитен лимит,  и целиот износ на минусно салдо над кредитен лимит (во согласност со месечниот извештај);

·    Минималниот износ за плаќање се пресметува како процент од вкупните обврски на корисникот на крајот на месецот за кој се пресметува обврската зголемен за провизиите за готовинските трансакции и пресметаните камати;

·   Промена на дневен лимит при плаќање преку Интернет преку електронското и мобилното банкарство на ТТК Банка.

Обезбедување

·     Рамковен кредит – лимит врз основа на заложно право;

·     Меница од 500 денари, заверена од правното лице со пополнета менична изјава;

·     Образец ПП 30 со согласност за употреба на истиот;

·     Паричен депозит;

·     Друго обезбедување прифатливо за Банката.

Што е потребно да се отвори кредитна картица?

·     Пополнето и потпишано барање за добивање и користење на картичката;

·     Остварен промет на жиро сметка за последните 6 месеци;

·     Биланс на состојба и биланс на успех  за последните 2 години;

·     Заклучен лист за  тековната година;

·     Потпишана изјава за користење податоци за секој корисник посебно.

Провизии

·     Подигнување готовина од банкомат на TTK Банка - 2,5% + 150 денари;

·     Подигнување готовина на банкомат или на шалтер на друга банка во земјата - 3% + 200 денари;

·    Подигнување готовина на банкомат на друга банка во странство - 3,5 % + 250 денари;

·     Плаќање на ПОС терминал во земјата и во странство - без провизија.

Членарини

·    Членарина за дополнителна картичка за првата година - 2.400 денари на 12 месечни рати;

·    Членарина за дополнителна картичка за картички без кредитен лимит - 600 ден. на 12 месечни рати;

·    Членарина за дополнителна картичка за картички со остварен промет во трговија над 150.000 денари - без надоместок.

Дополнителни трошоци

·     Итно издавање и обнова на картичка - 2.000  ден.;

·    Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичката - 600  ден.;

·    Откажување од картичка по истекот на рокот за откажување определен од Банката - 600 ден.;

·    Откажување на картичка во процедура на изработка на картичката - 600  ден.;

·     Реиздавање ПИН-код - 200  ден.;

·     Промена на ПИН-код на банкомат - 100  ден..

Каматна стапка

·    Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,75 процентни поени, годишно на искористениот износ  до кредитниот лимит. Прилагодувањето на променливата каматна стапка се врши полугодишно во согласност со промената на националната каматна стапка - НРС (за кредити во денари);

·     10,00% годишна каматна стапка за ненавремено враќање на долгот.

Причина повеќе

 

·     Visa картичките се со чип технологија која овозможува поголема сигурност, и безбедност на податоците и превенција од злоупотреби;

·     Едноставен и брз пристап до пари 24 часа дневно;

·    Бесконтактно плаќање во трговија на стоки/услуги, подигнување готовина на банкомат во земјата и во странство;

·     Намалување ризик од користење готовина;

·     Се намалува потребата за одење во банка - избегнување шалтери;

·     Висока сигурност на трансакции со користење на ПИН-кодот.

 

За извршените основни и дополнителни услуги Банката наплатува членарини и провизии во согласност со Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши ТТК Банка АД Скопје. 

 

Пополнете ја апликацијата и доставете ја во која било експозитура на ТТК Банка. Доколку е потребна дополнителна документација, информација ќе добиете од нашите вработени.

Одговор на вашето барање ќе добиете во најкраток можен рок.

 

 

Тарифа на надоместоци - парични картички за правни лица

 

 

* Доколку во период од 15 (петнаесет) дена од денот на објавата на измените на тарифата, клиентот не ја извести Банката дека не е согласен, ќе се смета дека е согласен со измените, како што е предвидено во Договорот.

 

 

Лице за контакт:

Горан Томовски 

Раководител на Оддел за работа со правни лица

Сектор за комерцијално банкарство

Тел.: 02/ 32 47 000 лок. 459

e-пошта: goran.tomovski@ttk.com.mk

Наташа Костиќ

в.д. Раководител на Оддел за позадински обработки - население

Сектор за ИТ и позадински обработки

Тел. 02/ 32 47 000 лок. 017

е-пошта: natasa.kostic@ttk.com.mk

* Последна промена направена на интернет-страницата 3.8.2021 година.


 

Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 2-ри декември 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 26-ти ноември 2021 година
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 1-ви ноември 2021 година
Доделено признание за најдобар банкарски службеник на ТТК Банка АД Скопје од страна на Македонската банкарска асоцијација
ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален надоместок за одобрување на кредити во промотивен период)
Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување