Пристапност и инклузивност на банкарските услуги
ТТК Банка е посветена на обезбедување достапност на своите услуги за сите клиенти, вклучително и за лица со попреченост и за лица со намалена подвижност. Банката активно работи на унапредување на пристапноста преку континуирано вложување во дигитални решенија и прилагодување на физичката инфраструктура. Со овие активности, ТТК Банка ја потврдува својата заложба за инклузивност, еднаков третман и унапредено корисничко искуство за сите категории клиенти.
1. Пристапни банкомати и експозитури
Дел од банкоматите и експозитурите се приспособени за полесен пристап, вклучително:
• подобрена физичка достапност,
• пристап за инвалидизирани лица преку рампа/нулта ниво,
• прилагоден автоматски влез за инвалидизирани лица,
• прилагодена висина и позиционирање на шалтерите /банкоматите.
Банката континуирано работи на отстранување на архитектонските бариери и унапредување на пристапноста, при што списокот на достапни локации редовно се ажурира на официјалната веб-страница.
2. Дигитални услуги (мобилно и електронско банкарство)
ТТК Банка ги позиционира дигиталните канали како најпристапен начин за користење банкарски услуги. Апликацијата ТТК М-Банка овозможува извршување на најголем дел од банкарските трансакции од дома, без потреба од посета на експозитура.
3. Поддршка и комуникација
Клиентите можат да добијат дополнителни информации или поддршка поврзана со пристапноста преку:
• официјалните комуникациски канали на Банката,
• мобилната апликација ТТК М-Банка.
За специфични информации за пристапноста на одредена експозитура или банкомат или за помош при влез, се препорачува директен контакт со Банката или проверка на официјалната веб-страница.