 |
 |
|
ЧЛЕН НА

|
|
|
|
 |
|
|
На 13 декември 2018 година, во Сити Хол Центар во Скопје, се одржа Првата конференција за применети трендови во маркетингот и комуникациите, во организација на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје - УАКС. |
На 27 октомври, во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово, се одржа есенското издание на детскиот фестивал „Јаболчиња“ во Тетово, 24-та година по ред, во организација на Здружението на граѓани „Јаболчиња“. |
Во правец на својата посветеност за поддршка на вистинските универзални вредности, ТТК Банка АД Скопје годинава со големо задоволство и безрезервно ја дава својата поддршка на Македонската филхармонија, една од најзначајните културни институции во земјава.  |
Oваа година традиционално се реализираше проектот за млади лидери - летни едукативни кампови во организација на Младинската асоцијација ИМКА од Битола, во детското одморалиште „Шула Мина“ во Крушево. На 16-тите по ред младински кампови учествуваа повеќе од 150 кампери. |
Од 20 до 23 септември 2018 година во Охрид се одржа 8-миот Конгрес на стоматолози од Македонија во организација на Македонското стоматолошко друштво и Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. |
Во правец на својата посветеност на поддршка нa културата, ТТК Банка АД Скопје оваа година со особено задоволство е дел од фестивалот „Охридско лето“, една од најзначајните културни манифестации во Македонија.  |
Малкумина знаат дека на убавата Шара има 27 езера и 100 поголеми извори како и дека оваа планина е извориште на 25 поголеми планински реки. Богата е со 44 видови дивеч, повеќе од 200 видови птици и 147 видови пеперутки коишто ја карактеризираат Шара како едно од најбогатите подрачја во Европа.  |
На 26 мај 2018 година во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово се одржа 24-от по ред фестивал на детски песни „Јаболчиња“ во организација на Здружението на граѓани „Јаболчиња“ од Тетово. |
Од 10 до 25 мај 2018 година се одржа четвртата меѓународна манифестација „Денови на Иљо 2018“ во Тетово во организација на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески – Смок“ од Тетово. |
Над 800 учесници од земјава, Балканот (Албанија, Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија) и пошироко учествуваа на 37-то искачување на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв висок 2.747 метри, организирано од планинарскиот клуб Љуботен од Тетово.  |
На 22 февруари 2018 година во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје се отвори првата самостојна изложба на ликовниот уметник Калина Стојановска. |
|
 |
 |
|
 |
|
 |