Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
ТТК Банка АД Скопје известува дека ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво на имателите на Корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра TTKO.
Исплатата на камата ќе се изврши на 20.9.2021 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница - прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2021 година.
Тргувањето со обврзниците на ден 16 и 17 септември 2021 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 364 и 365 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 20 и 21 септември 2021 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 20 и 21 септември 2021 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.
* објавено на 10.9.2021 година |