ТТК Банка АД Скопје ќе врши дополнителна исплата на финансиската поддршка од Владата од четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19
ТТК Банка АД Скопје ќе врши дополнителна исплата на финансиската поддршка од Владата од четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19 за корисниците кои не успеаја да отворат сметка или да ажурираат податоци најдоцна до 25.12.2020 година.
За постојните корисници на Банката, кои редовно работат со сметките и имаат ажурирани лични податоци во Банката, средствата се префрлени на нивните трансакциски сметки и со нив можат веднаш неограничено да располагаат.
Корисниците на финансиска помош кои:
- немаат трансакциска сметка во ТТК Банка АД Скопје или
- имаат сметка во ТТК Банка АД Скопје што не ја користeле подолго време и немаат ажурирани лични податоци во Банката
треба, најдоцна до 31.5.2021 година (понеделник), да отворат трансакциска сметка и/или да ги ажурираат личните податоци за да може да им се исплати финансиската помош. Овие корисници ќе може да располагаат со финансиската помош следниот ден по отворањето на сметката и/или ажурирањето на личните податоци во Банката. Распределените средства ќе може да се користат и по 31.5.2021 година.
Корисниците можат да отворат трансакциска сметка и/или да ги ажурираат личните податоци во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје со важечки документ за лична идентификација и тоа најдоцна до 31.5.2021 година.
Во согласност со законската регулатива, доколку корисниците не отворат сметка и/или не ги ажурираат податоците најдоцна до 31.5.2021 година, средствата од финансиската поддршка нема да бидат распоредени на сметките.
Корисниците можат да проверат дали се корисници на финансиска поддршка и во која банка се распределени со внесување на својот ЕМБГ преку следниот линк https://www.kupuvamdomasno.gov.mk.
Корисниците кои имаат блокирани сметки во ТТК Банка АД Скопје, потребно е да се обратат или јават во која било експозитура/филијала на Банката.
Апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
* објавено на 20.5.2021 година |