Електронското банкарство на ТТК Банка ви овозможува вам и на вашето претпријатие банкарските работи да ги извршувате во кое било време и место.
Оваа услуга може да ја користите кога било во текот на денот, без разлика на работното време на Банката. Овој модерен и безбеден начин на комуникација и работење со Банката не само што ќе ви штеди од драгоценото време туку ви ги намалува и трошоците: клиентите кои користат е-banking плаќаат 30% пониска провизија за услугите во домашниот платен промет. Сметководствените агенции кои ја користат услугата електронско банкарство имаат можност да работат на сметките на повеќе правни лица во исто време.
За користење на услугата електронско банкарство потребно е да:
-
Отворите трансакциска сметка во ТТК Банка, преку која ќе се одвива работењето;
-
Одберете пакет електронско банкарство кој најмногу ви одговара на потребите на вашето претпријатие;
-
Склучите договор за користење на услугата;
-
Обезбедете неопходна системска поддршка.
Услугата електоронско банкарство ви овозможува:
-
Пристап до сметките преку e-каналот: телефон или факс, мобилен телефон, интернет (e-mail, web, FX клиенти);
-
Преглед на сегашната состојба на вашата сметка;
-
Евиденција на приливот и одливот на средства;
-
Извод (можност нарачаните доставувања да бидат во бараните временски интервали);
-
Извршување на налог во корист на примателот во Банката или некоја друга банка во Македонија (домашен платен промет);
-
Евиденција на налози;
-
Информирање за промена на статусот на налогот за префрлување.
Потребни документи
-
Тековна состојба издадена од Централен регистар на РСМ;
-
Картон на депонирани потписи (ако правното лице не е клиент на Банката);
-
Денарска сметка за вршење платен промет во земјата.
Провизии
-
Издавање дигитален сертификат за правни лица - без надоместок.
-
Реиздавање дигитален сертификат за правни лица - без надоместок.
-
Издавање дигитален сертификат за физички лица - без надоместок.
-
Реиздавање дигитален сертификат за физички лица - без надоместок.
· Трансакции извршени преку интерен клиринг - 10 денари.
· Трансакции извршени преку КИБС - 22 денари.
· Трансакции извршени преку МИПС - 110 денари.
· Спроведување налог ПП 53 (за исплата на плата):
· спроведен преку КИБС (по трансакција) - 10 денари;
· интерен налог (по трансакција) - 4 денари;
· спроведен преку МИПС (по трансакција) - 70 денари.