•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

TTK Банка со гордост ја поддржа реализацијата на „Лешочкиот камерен музички фестивал“

TTK Банка со гордост ја поддржа реализацијата на „Лешочкиот камерен музички фестивал“, кој оваа година го прослави својот петти јубилеј. Фестивалот се одржа во духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“, дел од прекрасниот комплекс на Лешочкиот манастир, од 12 до 18 септември, нудејќи три вечери полни со изведби на врвни македонски и странски уметници.
Уметниците имаа чест да настапуваат на пијаното-подарок од семејството на Академик Тодор Скаловски, што му дава посебно значење на фестивалот.
„Лешочкиот камерен музички фестивал“ има за цел да ги приближи различните култури преку универзалниот јазик на музиката, да афирмира млади музички таленти и да овозможи гостување на уметници од странство. Публиката уживаше во изведбите на повеќе камерни состави, со богата програма и инструменти како пијано, виолина, флејта, гитара, обоа и други.
Како општествено одговорна институција, TTK Банка ја препознава важноста на уметноста и образованието и ја поддржува промоцијата на културните вредности.
Благодариме на организаторите и сите учесници за создадените незаборавни моменти за љубителите на камерната музика.

Arrow left white Arrow left white