македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички 

ТТК Банка АД Скопје започна да издава дебитни и кредитни картички со логото на Mastercard и да прифаќа Mastercard картички на широката мрежа банкомати. За сите постојни и нови клиенти ова ќе значи поголема безбедност, брзина и удобност при користење на услугите на ТТК Банка АД Скопје, а со помош на поволностите што ги нуди Mastercard.

ТТК Банка АД Скопје, во чекор со трендовите, се стреми постојано да иновира со цел да понуди повеќе и подобро за своите клиенти. Препознавајќи ги сите предности на бесконтактната платежна технологија на Mastercard воведовме три нови картични производи од овој бренд како глобален лидер во платната индустрија. Нашите клиенти сега имаат поголем избор за брз, едноставен и, што е најважно, безбеден начин на плаќање. Бесконтактното плаќање како практична замена за готовина во секојдневните набавки, особено при купување на фреквентни локации, е исто така одлична алатка за поефикасно управување со трошоците и за заштеда на време’’ - изјави д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

„Среќни сме што, заедно со ТТК Банка АД Скопје, на корисниците на картички им ги обезбедуваме практичноста, брзината и безбедноста на бесконтактните и онлајн плаќања низ целиот свет, односно секаде каде што се прифаќаат Mastercard картичките. Во Mastercard сме посветени на соработката со финансиските институции како наши традиционални партнери низ целиот свет. Соработката со финансиските субјекти е јадрото на екосистемот на Mastercard и ја претставува нашата долгорочна стратегија, бидејќи веруваме дека заедно можеме да им донесеме на потрошувачите најиновативни финансиски решенија’’ - изјави Вања Манова, менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово на Mastercard Европа.

Најбрз и најудобен начин до потребните финансии 24/7

Најголемата придобивка од поседувањето на картичката е брзиот пристап до финансиски средства, веднаш, 24/7, во Северна Македонија и во странство. Портфолиото на производи на ТТК Банка АД Скопје ќе се збогати со Mastercard Debit дебитна картичка и Mastercard Credit кредитна картичка за физички лица како и Mastercard Business Debit дебитна картичка за правни лица. Дополнително, корисниците ќе можат да подигнуваат готовина од банкомат, да купуваат директно на продажните места што прифаќаат плаќања на Mastercard, како и да плаќаат и да купуваат безбедно преку интернет.

Брзо аплицирање и издавање картичка со многу поволности

Сите нови и постојни клиенти ќе можат да аплицираат за новите Mastercard картички на ТТК Банка АД Скопје во широко достапната мрежа на филијали и експозитури на ТТК Банка АД Скопје.

Покрај плаќањата во продавниците во земјата и во странство, бесплатно е и самото издавање на картичките. Корисниците на Mastercard картичките ќе добијат и бесплатна услуга за известување преку СМС за секоја успешна трансакција, за подобар увид на реализираниот промет со картичката како и поголема сигурност при користењето на картичката. Корисниците немаат трошоци за одржување на картичките во првата година, а во зависност од прометот и во останатите години. За сите картички, корисниците ќе можат бесплатно да ги менуваат лимитите на вкупните дневни трошоци по картичка во филијалите и експозитурите на Банката, а со тоа и да го приспособуваат користењето според индивидуалните потреби за оптимално ниво на безбедност.

За Mastercard

Mastercard (NYSE: MA), www.mastercard.com, е технолошка компанија во глобалната платежна индустрија. Нејзината глобална мрежа за обработка на плаќања поврзува потрошувачи, финансиски институции, трговци, влади и бизниси во повеќе од 210 земји и територии. Производите и решенијата на Mastercard ги прават секојдневните трговски активности како што се купување, патувања, водење бизнис и управување со финансии - полесни, побезбедни и поефикасни за секого.

 

* објавено на 4.8.2021 година.


 

Известување за неработен ден – 11-ти октомври 2021 година (понеделник)
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти октомври 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 28-ми септември 2021 година
ТТК Банка АД Скопје ја исплати втората камата на сопствениците на Корпоративни обврзници - прва емисија
Известување за исплата на годишна камата за имателите на корпоративна обврзница од првата емисија по каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво
Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 6-ти септември 2021 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 31-ви август 2021 година
ТТК Банка АД Скопје започнува со издавање и прифаќање Mastercard картички
Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година
TTK Банка АД Скопје одбележува деценија и пол успешно работење
ТТК Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“
Кредити со животно осигурување во соработка со „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје (со намален или без надоместок за одобрување во промотивен период)
Одлуки донесени на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Јавен повик за учество на XXXVI-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување