Известување за ограбен банкомат во Тетово
ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека рано утринава, на 15.3.2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител. При кражбата одземени се околу 1,3 мил. денари.
Целиот имот и средства на Банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани.
Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје
|