Почитувани,
Ве известуваме дека ТТК Банка направи надградба на решението за 3DS security при плаќање преку интернет за имателите на платежни картички издадени од ТТК Банка од брендовите VISA и Mastercard. ТТК Банка го користи 3DS стандардот за интернет плаќања од 2021 година, а со надградбата на решението, пред испраќањето на OTP код (One Time Password) кој што се испраќа по SMS на клиентот за авторизација на интернет трансакцијата, ќе биде потребно да се внесе лична лозинка/PIN која што е уникатна за секој корисник.

Иницијалната лозинка/PIN за плаќањата преку интернет, за секој клиент е почетно дефинирана според шема одредена од ТТК Банка. Секој корисник има можност да ја промени иницијалната лизинка/PIN преку Интернет банкарство (ТТК E-bank) во делот Општи Формулари или Мобилната апликација (ТТК М-bank) во делот Формулари, по што се избира формуларот "Измена на PIN-кодот/лозинката за интернет трансакции".
Вашата иницијална лозинка/PIN код можете да ја добиете на следниов линк.
Надграденото безбедносно решение 3DS security ќе почне да се применува од 17.06.2026 година (среда).
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје