Внесете матичен број:

Внесете број на платежна сметка:

Што претставува PIN кодот?

Согласно известувањето ТТК Банка воведува дополнителна заштита при плаќањата преку интернет. PIN кодот Ви е потребен да извршите безбедно плаќање.

Како да го користам PIN кодот?

При вршење на плаќање преку интернет потребно ќе биде да го внесете PIN кодот по што дополнително на SMS порака ќе добиете код кој, како втор чекор, исто така ќе треба да го внесете за да го комплетирате плаќањето.

Што значи иницијален PIN код?

PIN кодот кој го добивате на оваа страна е иницијален, првичен PIN код генериран од Банката. PIN кодот се добива со внесување на бараните податоци на корисникот на картичката. Доколку го промените потребно ќе биде да го користите новиот, променет PIN код.

Како да го променам PIN кодот?

PIN кодот можете да го промените преку Интернет банкарство (ТТК E-bank) или Мобилната апликација (ТТК М-bank) во делот на општи формулари -> промена на лозинка при интернет плаќања.