македонски shqip english
 
Физички лица
Трансакциски сметки
Платен промет
Картички
Кредити
Ризико кредитно животно осигурување
Ненаменски потрошувачки кредити за приматели на плата/пензија преку Банката
Депозити
Кусур штедење
Онлајн штедење
Мобилно банкарство
Електронско банкарство
Електронски сервиси за информирање
Менувачко работење
Трезорско работење
Апликации физички лица
Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
Правни лица
Сметки
Платен промет
Бизнис картички
Кредити
Депозити
Документарно работење
Електронско банкарство
Трезорско работење
Апликации правни лица
Работа со хартии од вредност
MoneyGram - меѓународен трансфер на пари

 

            ЧЛЕН НА

 

Референтни каматни стапки

 

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на

ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА XXXVII СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-1597/16 од 28.2.2022 година, XXXVII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 5.4.2022 година (вторник) со почеток во 12 часот.

Со цел почитување на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, се повикуваат акционерите своето право на гласање на Собрание на акционери на Банката, да го остварат преку гласање со писмена кореспонденција заради обезбедување успешно одржување на закажаното Собрание на акционери.

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

I.   ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ 

1.     Отворање на Собранието.

2.     Избор на претседавач на Собранието.

II.   РАБОТЕН ДЕЛ

1. Усвојување на записникот од XXXVI седница на Собрание на акционери на Банката одржана на ден 15.4.2021 година;

2. Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2021 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;

3. Разгледување Финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;

4. Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година, со Предлог - одлука за усвојување;

5. Разгледување Предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределенaта добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2021 година;

6. Разгледување Предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2021 година (дивиденден календар);

7. Разгледување Годишен извештај на работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2021 година, со Предлог - одлука за усвојување;

8. Разгледување Предлог - одлука за именување независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

 

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

 

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

 

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 11.3.2022 година во 16 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk. 

 

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, да гласа по пат на кореспонденција, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

Правото да се гласа со кореспонденција се остварува со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 4.4.2022 година, до 16 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.

 

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

 

 

- Предлог - одлука по предложена точка од Дневен ред, од акционерот „Тетекс“ АД Тетово

 


Информација за гласање преку коресподенција

 


1. Вкупен број акции и вкупен број гласачки права
2. Прашања од акционерите во врска со точки од Дневниот ред
3. Вклучување нови точки и одлуки во Дневниот ред
4. Полномошно за физички и правни лица

 

 

Одлуки донесени на XXXVII-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

                                                                         Надзорен одбор

                                                                  на ТТК Банка АД Скопје

 

 

 

*објавено на 3.3.2022 година. Последна промена направена на 5.4.2022

 

                     


 

Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти мај 2022 година
Известување за неработен ден – 2.5.2022 година (понеделник)
Известување за предвремена исплата на пензиите од 26-ти април 2022 година
Известување за работното време на експозитурите и филијалите за време на Велигденските празници
ТТК Банка ќе започне со исплата на дивиденда на 3.5.2022 година
Одлуки донесени на XXXVII-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје
Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 4-ти април 2022 година
Известување за предвремена исплата на пензиите од 29-ти март 2022 година
ЈАВЕН ПОВИК за учество на XXXVII-тата седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје

Заштита на лични податоци Политика за приватност Политика за колачиња
Copyright ТТК БАНКА АД Скопје Народен Фронт 19А 1000 Скопје тел/факс: 02/3236-400 e-mail: ttk@ttk.com.mk мапа на сајтот предупредување