Реализирани едукативни работилници по повод „Глобалната недела на парите“ (Global Money Week)
Мотото „Грижи се за себе, грижи се за своите пари“ го одбележа овогодинешниот настан „Глобална недела на парите“ организиран од страна на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). По деветти пат финансиските институции и непрофитните организации низ светот, преку многубројни активности, едуцираа милиони деца и млади за финансиската писменост.
Во време на сѐ уште присутната пандемија, Банката како општествено одговорна компанија се приклучи кон одбележување на овој настан преку реализација на повеќе онлајн едукативни работилници на тема штедење, паметно управување со парите, правилно користење на финансиските производи и услуги и запознавање со предностите на мобилното и електронското банкарство. Едукативните работилници се реализираа за 70 ученици од две основни училишта, ООУ „Григор Прличев“ од Скопје и ООУ „Коле Неделковски“ од Скопје, и средното општинско училиште СОУ „Јане Сандански“, економско-правна насока, од Струмица.
Преку креативни презентации и квиз прашалници се говореше за важноста на грижата за личните финансии, се поттикнаа продуктивни и интересни дискусии со децата и младите за тоа како паметно да управуваат со парите со кои располагаат и како, преку јасно дефинирање на целите, можат да заштедат и да ги остварат своите планови во иднина.
ТТК Банка АД Скопје останува посветена и ќе дејствува активно за ширење на свеста за значењето на финансиската писменост на децата и младите, збогатување на знаењата за финансиските производи и услуги и создавање здрави финансиски навики.






* објавено на 31.3.2021 година. |