- Минималниот износ за отворање штеден влог по видување и детско орочено штедење или по видување е 1.000 денари или 20 евра, додека за орочен депозит 3.000 денари или 50 евра.
- Начин на исплата на камата: месечно или на крајот на периодот на орочување по избор на корисникот.
- Тип на каматна стапка: фиксна.
- Рок на орочување: 1, 3, 6, 9, 12, 24 и 36 месеци.
- Валути: денари и девизи (EUR, USD, AUD, GBP, CAD, DKK, SEK, NOK).
- Каматни стапки: каматни стапки на стандардните денарски и девизни депозити.
- Метода на пресметка на камата: конформна метода.
- Реорочување: При доспевање депозитот се реорочува во согласност со Договорот.
- Предвремено раскинување: при предвремено раскинување на Договорот на депозитот се пресметува камата по видување според Одлуката за утврдување на висината на пасивните каматни стапки на Банката, за целото времетраење во кое средствата биле орочени. Предвремено раскинување на Договорот не може да се изврши електронски од страна на клиентот. Тоа ќе се врши единствено во филијалите и експозитурите на Банката.
- Договорот за електронско орочување се потпишува во електронска форма.
|