•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

XLI седница

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-1649/14 од 27.2.2024 година, Годишното собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 29.3.2024 година (петок) со почеток во 12 часот со следниот

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Усвојување на записникот од 40-тата седница на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 4.7.2023 година;
  2. Разгледување на Годишниот извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје  во 2023 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
  3. Разгледување на Финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2023 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештаите и Мислењето;
  4. Разгледување на Годишната сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2023 година, со Предлог - одлука за усвојување;
  5. Разгледување на Предлог - одлуката за употреба и за распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2023 година;
  6. Разгледување на Предлог - одлуката за зголемување на основната главнина на ТТК Банка АД Скопје со издавање акции од нова емисија од средства на Банката;
  7. Разгледување на Предлог - одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2023 година (дивиденден календар);
  8. Разгледување на Предлог – одлуката за прераспределба на кумулативна сеопфатна добивка;
  9. Разгледување на Извештајот и оцената на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2023 година, со Предлог - одлука за усвојување;
  10. Разгледување на Предлог - одлуката за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;
  11. Разгледување на Предлог - одлуката за избор на друштво за ревизија за вршење ревизија на финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје;
  12. Разгледување на Предлог – одлуката за утврдување на надоместокот за учество во работата на членовите на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија;
  13. Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на кандидатите за членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието на акционери.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на акционери е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието на акционери, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на акционери со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 28.3.2024 година, до 15 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 6.03.2024 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието на акционери и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.




ТТК Банка АД Скопје
Надзорен одбор

Гласање преку коресподенција

Акционерот може да гласа преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање преку кореспонденција.

Акционерот доставува пополнет образец за гласање преку кореспонденција во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер, односно назив, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот - правно лице.

Образецот мора да биде примен во Банката најдоцна до 28.3.2024 година до 15 часот.

Заедно со пополнетиот образец, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

  • За акционер - физичко лице се приложува:
    Копија од важечка лична карта или пасош.
  • За акционер - правно лице се приложува:
    Последна тековна состојба од Централниот регистар /во оригинал/, не постара од 30 дена.
    Копија од важечка лична карта или пасош на законскиот застапник.

Бараната документација треба да биде доставена во ТТК Банка АД Скопје, на ул. „Народен фронт“ бр. 19а Скопје Служба за секретаријат со назнака „за Собрание“.

Образец за физички лица

Образец за правни лица

Пример на пополнет образец

Годишен извештај за работењето на Банката за 2023 година

Одлука за усвојување на Ревизорски извештаи

Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Банката за 2023 година

Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2023 година

Одлука за употреба и распоредување на нераспоредената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2023 година

Одлука за зголемување на основната главнина на ТТК Банка АД Скопје со издавање акции од нова емисија од средства на Банката

Одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2023 година (дивиденден календар)

Одлука за прераспределба на кумулативна сеопфатна добивка

Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2023 год.

Одлука за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје

Одлука за избор на друштво за ревизија за вршење ревизија на финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје

Одлука за утврдување на надоместокот за учество во работата на членовите на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија

 

 

Одлука за измена на Одлуката за употреба и распоредување на нераспоредената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2023 година

Одлука за измена на Одлуката за зголемување на основната главнина на ТТК Банка АД Скопје со издавање акции од нова емисија од средства на Банката

Одлука за измена на Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје