Известување за предвремена исплата на пензиите од 26-ти ноември 2021 година
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека почнувајќи од 26-ти ноември 2021 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец ноември на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.
Oд 26.11.2021 г. (петок) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.
За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:
- до 11.000 денари на 26.11.2021 г. (петок)
- од 11.001 до 14.000 денари на 29.11.2021 г. (понеделник)
- од 14.001 до 18.000 денари на 30.11.2021 г. (вторник)
- над 18.000 денари на 1.12.2021 г. (среда)
Со цел заштита на здравјето, апелираме средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.
При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, потсетуваме дека задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје |