•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Работа со хартии од вредност

1. Берзанско работење
 
Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година. Во рамките на Банката работи Одделот за работа со хартии од вредност. Тргувањето се извршува во регистрираните простории во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката низ цела земја. Тргувањето го вршат тројца лиценцирани брокери кои стручно и квалитетно ги реализираат налозите од клиентите.Тргувањето на Македонската Берза со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
 
Берзанско работење

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година. Во рамките на Банката работи Одделот за работа со хартии од вредност. Тргувањето се извршува во регистрираните простории во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката низ цела земја.

Тргувањето го вршат тројца лиценцирани брокери кои стручно и квалитетно ги реализираат налозите од клиентите. Тргувањето на Македонската Берза со хартии од вредност се одвива секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

НОВО!!! Оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност од 1.1.2023 година.

Оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност ќе се применуваат за хартии од вредност кои се стекнати почнувајќи од 1 јануари 2023 година од страна на даночниот обврзникот или од страна на правниот претходник во случај на наследување или подарок.

Даночен обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Северна Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.

Основа на данокот на доход од капитални добивки претставува разликата помеѓу продажната цена на хартиите од вредност и нивната куповна (набавна) цена и на истата се признаваат нормирани трошоци од 10%.

Данокот на доход од капитални добивки се плаќа по стапка од 10%. Данок на доход не се плаќа на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност доколку имателот ги поседувал за период подолг од две години. За целите на утврдување на капиталната добивка, како продажна цена на хартии од вредност се смета остварената цена која обврзникот ја документира. Како куповна (набавна) цена на хартиите од вредност ќе се смета цената по која обврзникот ја документира како стварно платена или, ако тоа не го стори, најниската објавена цена на берза во годината во којашто е извршена продажбата или, ако немало купопродажба, нејзината номинална вредност. Ако хартиите од вредност се стекнати по пат на наследство или подарок, како набавна цена се смета цената по која се стекнати хартиите од вредност од страна на правниот претходник (дарувачот или оставителот). Доколку не може да се утврди цената по која се стекнати хартиите од вредност како набавна цена ќе се смета најниската пазарна цена остварена на берзата во годината во која се стекнати од правниот претходник (дарувачот или оставителот) или ако немало купопродажба, нивната номинална вредност.

Капитална загуба остварена од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во истата година.Централниот депозитар за хартии од вредност е должен на органот за јавни приходи да му достави годишен извештај со податоци за стекнување и продажба на хартии од вредност од страна на физички лица во земјата, најдоцна до 15 јануари во тековната година за претходната година. Аконтацијата на данокот на доход од капитална добивка од хартии од вредност се пресметува од органот за јавни приходи врз основа на податоците од годишниот извештај од ЦДХВ, најдоцна до 15 февруари во тековната година за претходната година.Органот за јавни приходи изготвува годишна даночна пријава за обврзникот, која ги содржи податоците за остварениот доход и платените аконтации на данокот во текот на годината за која се утврдува данокот. Годишната даночна пријава, органот за јавни приходи ја доставува до обврзникот најдоцна до 30-ти април наредната година. Обврзникот на данокот на доход е должен да ја потврди точноста на податоците од доставената пополнета годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31-ви мај. Доколку обврзникот не ја потврди или коригира доставената пополнета годишна даночна пријава во предвидениот рок, доставената пополнета годишна даночна пријава се смета за потврдена.

Данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на хартии од вредност доколку: обврзникот ги стекнал со емисија на хартии од вредност реализирана како иницијална јавна понуда; oбврзникот ги продава хартиите од вредност, кој ги стекнал по основа на наследување или подарок од прв наследен ред, по истекот на две години од денот на стекнувањето од страна на правниот претходник (оставителот или дарувачот);обврзникот ги продава хартиите од вредност кои ги стекнал по пат на денационализација;обврзникот ги продава долгорочните должнички хартии од вредност издадени од државата и долгорочни должнички хартии од вредност издадени од општините, општините во Градот Скопје и градот Скопје.

За подетални информации за обврските кои произлегуваат за даночниот обврзник можете да се информирате од ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД Службен весник на Република Македонија, бр. 241/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22. 

Достапни услуги преку Одделот за работа со хартии од вредност на ТТК Банка:

  • Купување и продавање хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
  • Купување и продавање хартии од вредност во свое име и за своја сметка;
  • Услуги на покровител при котација;
  • Давање електронски налози за тргување со хартии од вредност;
  • Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, беззадолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
  • Вршење на трансакции и активности за сметка на издавачот на хартии од вредност потребни за успешна јавна понуда на хартии од вредност, со задолжителен откуп на непродадените хартии од вредност;
  • Извршување на трансакции и активности за сметка на трети лица потребни за преземање на едно акционерско друштво во согласност Законот за преземање на акционерски друштва.

Електронско тргување со хартии од вредност

ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува едноставност во тргувањето со хартии од вредност преку давање електронски налози со користење на апликацијата eTrader. Во соработка со овластените брокери на Банката креирајте го Вашето портфолио и реализирајте го Вашиот план за инвестирање.

Зошто електронско тргување?

  • Едноставно, брзо и сигурно тргување на Македонска Берза;
  • Електронско давање на налози за купување и продавање на хартии од вредност нивна измена или повлекување;
  • Следење на берзанското тргување и извршувањето на налозите во реално време;
  • Аларми (нотификации за промените на пазарот);
  • Автоматски прием на извештаи за реализирани трансакции;
  • Пристап во секое време до моменталните и историските податоци за портфолиото, налозите и трансакциите.

Што е потребно за електронско тргување?

  • Важечка лична карта или пасош;
  • Платежна сметка.

Тарифа за надоместоци на услуги од областа на работење со хартии од вредност 

Информации околу тргувањето со хартии од вредност можете да добиете доколку ги контактирате овластените брокери:

Оддел за работа со хартии од вредност

ttkbroker@ttk.com.mk


Раководител: Иван Ортаковски

тел.: 02/32 47 000 лок. 496

ivan.ortakovski@ttk.com.mk


Овластен брокер: Тања Поповска

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 495

tanja.popovska@ttk.com.mk


Овластен брокер: Марко Јовановски

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 497

marko.jovanovski@ttk.com.mk


Соработник: Стефанија Симеонова

тел.: 02/ 32 47 000 лок. 495

stefanija.simeonova@ttk.com.mk


2. Купување државни хартии од вредност (државни записи и државни обврзници) на примарен пазар

 

Граѓанската обврзница издадена од Министерството за финансии за граѓаните во земјата е достапна за купување и преку деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје. Проспектот за првата аукција на граѓански обврзници е објавен на 30 јуни, а граѓаните може да аплицираат за овој финансиски инструмент во сите филијали и експозитури на ТТК Банка до 12 јули 2023 година, до крајот на работниот ден. Граѓанските обврзници имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе им се исплаќа камата по каматна стапка од 5% годишно.

Постапката за купување на граѓанска обврзница започнува со поднесување на барање во сите филијали и експозитури на Банката.

Купување државни хартии од вредност (државни записи и државни обврзници) на примарен пазар

Примарна емисија на државните хартии од вредност се врши на аукции кои ги организира НБРСМ согласно Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност. ТТК Банка, како овластен директен учесник на аукциите, им дава можност на физичките лица како индиректни учесници да купуваат државни хартии од вредност издадени од Министерство за финансии на РСМ на примарен пазар.

Корисници

  • Домашни физички лица – резиденти.

Услуга

  • Купување државни хартии од вредност за примарен пазар.

Потребни документи:

  • Барање за купување државни хартии од вредност;
  • Договор за купување државни хартии од вредност;
  • Потврда за уплата на паричен износ за учество на аукција.

Износ

  • Минимален износ за учество на аукција изнесува 10.000,00 денари (секое зголемување на номиналниот износ се врши во заокружени износи од 10.000,00 денари).

Надоместоци

  • 0,12% од номинален износ (мин 300 ден.) за трошоци за учество на аукција на државни хартии од вредност;
  • 300 денари за обработка на Барање за учество на аукција.

 

ТТК Банка, по приемот на Барањето и по склучен Договор најдоцна еден ден пред денот на одржување на аукцијата, Ви овозможува индиректно да учествувате на закажаната аукција на државни хартии од вредност.

Аукциите се одржуваат на утврдени датуми, согласно Календарот за емисија на државни хартии од вредност.

Проспектите за аукциите се објавуваат на интернет страницата на Министерството за финансии, односно на следниот линк.

Дополнителни и стручни консултации може да добиете од наведените лица за контакт во Банката, како и на интернет страницата на Министерството за финансии и на Народната Банка на РСМ.

 

Граѓанската обврзница издадена од Министерството за финансии за граѓаните во земјата е достапна за купување и преку деловната мрежа на ТТК Банка АД Скопје.

Проспектот за втората аукција на граѓански обврзници е објавен на 18 октомври 2023 година, а граѓаните може да аплицираат за овој финансиски иструмент во сите експозитури и филијали на ТТК Банка до 6 ноември 2023 година, до крајот на работниот ден. Граѓанските обврзници имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе им се исплаќа камата по загарантирана каматна стапка од 5% годишно.

Постапката за купување на граѓанска обврзница ќе се одвива со поднесок на барање во деловните единици на ТТК Банка.

Контакт:

Е-пошта: likvidnost@ttk.com.mk

Телефони: (02) 3247-000-локали: 458, 412 и 445