•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Дозволено пречекорување на платежна сметка

ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува брзо и лесно да располагате со дополнителни финансиски средства во секое време!

Корисници

  • Физички лица државјани на Република Северна Македонија, кои се во редовен работен однос на неопределено работно време или на определено работно време до рокот на важност на договорот за вработување, кои имаат отворено платежна сметка во ТТК Банка АД Скопје, кои остваруваат редовен месечен прилив по основ на плата/пензија (од ПИОМ) и др., во согласност со интерните акти на Банката.

Каматна стапка, метод и период на пресметка на камата и надоместок за одобрување

  • 0,00% годишна променлива каматна стапка на средствата на платежна сметка во денари.
  • 14,30% (Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 процентни поени) годишна променлива каматна стапка на износот на дозволеното пречекорување.
  • Одобрување и обнова на дозволеното пречекорување - 300 ден.

Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционална метода.

Валута и износ

  • Во денари (МКД).
  • За вработени, приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје:
    • до 3 (три) месечни плати.
    • до 4 (четири) месечни плати за корисници со висина на плата над 30.000 ден.
  • За пензионери, приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје:
    • до 1 (една) месечна пензија (од ПИОМ).
    • до 2 (две) месечни пензии со дополнително обезбедување жирант во редовен работен однос.
    • до 4 (четири) месечни пензии со дополнително обезбедување жирант во редовен работен однос, за корисници со висина на пензија над 30.000 ден. 
  • За клиенти со залог на депозит во ТТК Банка АД Скопје:
    • 95% од висината на депозитот во иста валута со дозволеното пречекорување.
    • 80% од висината на депозитот во различна валута со дозволеното пречекорување.

Потребни документи

  • За вработени, приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје:
    • Барање за дозволено пречекорување.
    • Потврда за редовен работен однос и висина на плата.
    • Фотокопија од важечка лична карта или пасош.
    • Меница.
  • За пензионери, приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје:
    • Барање за дозволено пречекорување.
    • Фотокопија од чек/потврда од пензија (од ПИОМ).
    • Фотокопија од лична карта или пасош.
    • Меница.
  • За клиенти со залог на депозит во ТТК Банка АД Скопје:
    • Барање за дозволено пречекорување.
    • Договор и изјава за орочен депозит.
    • Фотокопија од лична карта или пасош.

Тајност

  • Податоците за средствата на платежната сметка се деловна тајна.