Со отворањето девизна сметка во Банката, имате можност трансакциите да ги вршите брзо и сигурно, во согласност со законската регулатива која што го регулира девизното работење.
На девизната сметка можете да располагате со средства во повеќе валути.
Со отворањето девизна сметка во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:
- вршење безготовински и готовински трансакции;
- следење на состојбата и промените на Вашите сметки во Банката;
- 24/7 пристап до Вашите сметки преку Интернет банкарство TTK E-bank и Мобилна апликација TTK M-bank;
- пристап до услуги без или со најниски надоместоци.
Повеќе информирајте се за работењето со девизна сметка!
Корисници
- Физички лица - државјани на Република Северна Македонија.
- Физички лица - странски државјани со привремен престој во Република Северна Македонија повеќе од 6 (шест) месеци.
- Малолетни лица и лица на кои им е одземена деловната способност, кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател во согласност со законските одредби.
Сопственикот на девизната сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка, при што овластеното лице треба да работи со сметката во согласност со прописите кои го регулираат платниот промет со странство за резиденти (независно од неговиот статус на резидент или нерезидент).
|
Валута и каматна стапка на позитивно салдо
- Во странска валута.
- 0,00% годишна променлива каматна стапка на средствата на платежна сметка во девизи - EUR, USD, AUD, GBP, CAD, DKK, SEK, NOK.
|
Уплати и исплати
Преку девизната сметка се вршат готовински и безготовински трансакции (уплати и исплати) во согласност со прописите кои го регулираат девизното работење.
- Уплати на девизна сметка:
- Вложување ефективни странски пари - вложувањето ефектива е без ограничување.
- Девизни приливи од странство (лоро дознаки) и од земјата (девизните приливи се обработуваат од страна на Банката со образец 743, врз основа на доставен податок од клиентот за основот на приливот).
- Исплати од девизна сметка:
- Повлекување ефектива - повлекувањето ефектива е без ограничување во рамките на расположливите средства на сметката. Повлекување ефектива во денарска противвредност и денарски плаќања се врши преку платежна сметка во денари.
- Девизни плаќања во странство (ностро дознаки) и во земјата - се вршат врз основа на доставени писмени инструкции од страна на клиентот и приложената документација за режимска контрола на основот на плаќањето со обработка на образец 1450 од страна на Банката, кој го потпишува клиентот.
|
Известувања за направени приливи и одливи на сметка (изводи)
- Банката го известува клиентот за секој пристигнат прилив (истиот или најдоцна наредниот ден по приемот).
- Банката издава изводи за состојбата и за промените на девизната сметка на шалтерите на Банката.
- Клиентот има обврска да подигнува извод најмалку еднаш месечно.
- Преку изводите Банката истовремено може да го информира и да го известува клиентот за одредени новини и промени во работењето.
- Состојбата на сметката може да се следи и преку Интернет банкарство TTK E-bank и Мобилна апликација TTK M-bank.
|
Потребни документи
- Барање за отворање сметка.
- Валиден документ за идентификација, односно лична карта или пасош - за домашно физичко лице со постојано место на живеење во Република Северна Македонија.
- Важечка лична карта за странци или виза за престој, односно работна виза во траење од најмалку 6 (шест) месеци, за физички лица со привремен престој во Република Северна Македонија.
- Прашалник за регистрација на клиент.
- Изјава за статус на странски физички лица кои привремено престојуваат во Републиката со работна виза или виза за престој во траење од најмалку 6 (шест) месеци.
|
Тајност
- Податоците за средствата на платежната сметка се деловна тајна.
|