ТТК Банка АД Скопје Ви овозможува да располагате со девизни средства во секое време, да вршите плаќања кон странство или прием на средства по основ на плата, пензија или дознаки од странство.
Со отворањето девизна сметка во Банката, имате можност трансакциите да ги вршите брзо и сигурно, во согласност со законската регулатива која што го регулира девизното работење за физички лица - нерезиденти.
Со отворањето девизна сметка во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:
- вршење безготовински и готовински трансакции (уплати и исплати);
- следење на состојбата и промените на Вашите сметки во Банката преку извод;
- 24/7 пристап до Вашите сметки преку Интернет банкарство TTK E-bank и Мобилна апликација TTK M-bank;
- пристап до услуги без или со најниски надоместоци.
Повеќе информирајте се за работењето со девизна сметка!
Корисници
- Физички лица - странски државјани со важечка патна исправа.
Сопственикот на девизната сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка, при што овластеното лице треба да работи во согласност со прописите кои го регулираат платниот промет со странство за нерезиденти (независно од неговиот статус на резидент или нерезидент).
|
Валута и каматна стапка на позитивно салдо
- Во странска валута;
- 0,00% годишна променлива каматна стапка на средствата на платежна сметка во девизи - EUR, USD, AUD, CHF, GBP, CAD, DKK, SEK, NOK.
|
Уплати и исплати
Преку девизната сметка се вршат готовински и безготовиснки трансакции (уплати и исплати) во согласност со прописите што го регулираат девизното работење.
- Уплати на девизна сметка:
- Вложување ефективни странски пари – до 9.990 евра слободно, над 9.990 евра со потврда од Царинската управа на РСМ (којашто важи 5 работни дена од датумот на издавање);
- Девизни приливи (лоро дознаки) - се обработуваат со директна наплата (одобрување во корист на девизната сметка, со обработка на образец 743 што го изготвува Банката);
- Банката може да побара дополнителни документи коишто се поврзани со приливот и основот за пристигнување на истиот.
- Исплати од девизна сметка:
- Повлекување ефектива - повлекувањето ефектива е без ограничување во рамките на расположливите средства на сметката. Повлекувањето ефектива во денарска противвредност и денарски плаќања се врши преку платежна сметка во денари;
- Девизни плаќања (лоро дознаки) - се вршат врз основа на доставени писмени инструкции од страна на клиентот и приложената документација за режимска контрола на основот на плаќање, со обработка на образец 1450 од страна на Банката, што го потпишува клиентот.
|