•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Издавање на Сопствен извештај од Македонско кредитно биро (МКБ)

 

Сопствен извештај од Македонско кредитно биро (МКБ)

Секое физичко лице по поднесување на барање во една од филијалите и експозитурите на ТТК Банка на брз и лесен начин ќе го добие Сопствениот извештај од Македонското кредитно биро (МКБ) без да има потреба да се обрати директно во просториите на МКБ.

Сопствениот извештај им овозможува на физичките лица да ги проверат своите лични финансиски обврски по различни основи и тоа: обврски по основ на кредити, платежни картички, лизинг, жирантства, дозволено пречекорување на платежна сметка, даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки и други финансиски обврски како и да проверат дали имаат блокада на платежната сметка.

Сопствениот извештај за физичко лице се доставува во писмена форма исклучиво на лицето на кое се однесуваат податоците наведени во барањето за сопствен извештај.

Повеќе информации во врска со Сопствениот извештај може да најдете на интернет страницата на МКБ, на следниот линк.

Корисници

  • Домашни физички лица - резиденти.

Услуга

  • Издавање на Сопствен извештај од Македонско кредитно биро (МКБ).

Потребни документи

  • Барање за добивање на сопствен извештај за физички лица од Македонско кредитно биро (МКБ).

Надоместоци

  • 350 денари со вклучен ДДВ.

Барање за добивање на сопствен извештај за физички лица од МКБ