•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Edit

Visa Platinum - Debit - дебитна картичка

СЕПА кредитни трансфери - ТТК Банка

Visa Platinum – ТВОЈОТ СВЕТ БЕЗ ГРАНИЦИ!

Со Visa Platinum картичката од ТТК Банка, го отворате патот кон незаборавни искуства и премиум привилегии каде и да се наоѓате – Твојот свет без граници!Исклучителни привилегии за патувања без компромис

Исклучителни привилегии за патувања без компромис

  • Airport Lounge Access – Неограничен престој и уживање во над 1.200 аеродромски деловни салони ширум светот
  • Fast Track патека – Брз премин низ сите аеродромски формалности
  • 3 GB бесплатен роаминг интернет – Совршена поврзаност во повеќе од 127 земји
  • Сеопфатна патничка заштита – Сигурност и осигурителна поддршка за летови, багаж и непредвидени одложувања
  • Visa Premium поволности – Ексклузивни попусти и посебни привилегии на глобално ниво

Airport Lounge Access – Влез во светот на вистинскиот комфорт

Со дебитната картичка Visa Platinum од ТТК Банка, отворете ги вратите кон свет каде што комфорноста нема граници. Уживајте во премиум третман на аеродромите со следниве предности:

  • Неограничен и бесплатен влез во повеќе од 1.200 меѓународни бизнис-салони и бесплатно користење на нивните содржини (понудата е активна до 31.12.2026 година).
  • Придружници: За секој сопатник што патува со Вас се наплаќа надоместок од $32 по посета.

Како да пристапите до аеродромските салони?

  1. Преку Visa Chatbot: Активирајте ги Вашите бенефиции и добијте брзи информации преку четбот услугата.
  2. Преку апликацијата Visa Airport Companion: Преземете ја апликацијата, регистрирајте ја Вашата Visa Platinum картичка од ТТК Банка и пронајдете го најблискиот бизнис-салон.

Чекори за користење:

  • Изберете платформа за пристап (Visa Airport Companion апликација или Visa Chatbot)
  • Регистрирајте ја Вашата Visa Platinum картичка
  • Пронајдете го салонот на аеродромот од кој полетувате
  • Генерирајте го дигиталниот QR-код за пристап

Преземи Visa Ariport Companion апликација овде:

   


Кон Visa Chatbot овде:



Fast Track – Патувајте брзо, без чекање во ред

Заборавете на долгите редици. Услугата Fast Track Ви овозможува брз премин низ пасошките и безбедносните контроли на избрани меѓународни аеродроми.

  • Корисниците на Visa Platinum од ТТК Банка добиваат 10 бесплатни Fast Track прооди годишно на Меѓународниот Аеродром Скопје и 2 бесплатни користења годишно на избрани светски аеродроми.

Упатство за активирање на Fast Track:

    1. Отворете го Visa Chatbot (на Viber или Telegram) и завршете ја регистрацијата.
    2. Од главното мени изберете Visa Travel, а потоа кликнете на Fast Track International.
    3. Изберете ја посакуваната земја и аеродром.
    4. Одберете го типот на лет (Departure, International Departure или International Arrival).
    5. Наведете ја земјата на дестинација и соодветниот терминал.
    6. Внесете ги точно бројот и датумот на Вашиот лет.
    7. Преземете ја PDF-датотеката со QR-кодот кој служи како ваучер за брз премин.

*Услугата Fast Track е достапна на аеродромите во: Скопје, Австрија, Белгија, Шпанија, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Полска, Турција, Германија, Грузија, Франција, Швајцарија, Обединетото Кралство и Обединетите Арапски Емирати.

Бидете поврзани каде и да сте – Твојот свет без граници

Со бесплатниот роаминг пакет од ТТК Банка и Visa, патувајте слободно и бидете во тек со сè што Ви е важно:

  • 3 GB бесплатен интернет во роаминг
  • Достапно во 127 земји ширум светот
  • Период на користење: 14 дена од активирањето

Повлекување готовина во земјата и странство

  • Без провизија на банкомати од партнерската мрежа: Подигнувајте готовина без дополнителни трошоци на банкоматите од банкарската мрежа на партнерите во следните земји: Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Романија.
  • На сите останати банкомати: Подигнувањето готовина на банкомати со ознаката VISA во земјата и странство се врши согласно официјалниот Тарифник на ТТК Банка.

Дополнителни патнички осигурувања и заштита

Со Visa Platinum картичката од ТТК Банка добивате целосна сигурност при секое патување и купување. Покритието вклучува заштита во случај на:

  • Пропуштен лет или изгубена конекција
  • Доцнење на летот
  • Доцнење или губење на багажот
  • Заштита на купувачот и продолжена гаранција за купените производи

(Овие поволности ги обезбедува Visa како сервисен провајдер, додека ТТК Банка АД Скопје настапува како посредник).

Како да станете корисник на Visa Platinum од ТТК Банка?

Дебитната картичка Visa Platinum се издава на физички лица кои имаат отворено трансакциска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Доколку сè уште немате сметка, постапката е брза и едноставна – посетете ја најблиската експозитура или филијала на ТТК Банка.

Корисници
  • Државјани на Република Северна Македонија, деловно способни лица над 18 години.
Износ
  • До износот расположлив на платежна сметка, вклучувајќи го и износот на дозволеното пречекорување за корисници кои примаат плата преку ТТК Банка АД Скопје.
Валута
  • Во денари (МКД).

Каматна стапка

(годишна, променлива)

  • 12,25% каматна стапка до и над дозволено пречекорување на платежна сметка  (референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8 пп);
  • Пресметката на камата се врши месечно со примена на пропорционална метода.
Рок
  • Прво издавање - 5 години;
  • Обновување - 5 години.
Можности
  • Платежна картичка со важност во Република Северна Македонија и во странство;
  • Можност за плаќање на рати за безготовински трансакции:
    • над 1.500 денари до 6.000 денари на 3 (три) рати, без надоместок;
    • над 6.000 денари на 6 рати, без надоместок.
Причина повеќе

Airport Lounge Access (Аеродромски салони): Неограничен и бесплатен пристап до над 1.200 меѓународни бизнис-салони на аеродромите ширум светот;

Fast Track услуга на аеродроми: Брза лента и побрзо преминување на пасошките и безбедносните контроли;

Бесплатен интернет во роаминг: 3 GB бесплатен интернет во роаминг за совршена поврзаност додека патувате;

Безготовинско повлекување на банкомати: Повлекување готовина без провизија на банкоматите од партнерските банки во 9 земји;

Сеопфатна патничка заштита и осигурување: Заштита при пропуштен лет или пропуштена конекција;

Visa Premium привилегии: Пристап до посебни попусти, промотивни понуди и ексклузивни поволности за хотелско сместување, шопинг и рент-а-кар ширум светот.

Потребни документи
  • Пополнето и потпишано барање за добивање и користење картичка;
  • Копија од валидна лична карта или пасош.
Провизии
  • Користење на картичката за безготовински плаќања на ПОС терминали во земјата и странство - без провизија;
  • Повлекување готовина од АТМ - без провизија;
  • Повлекување готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во земјата – 3%+200 денари;
  • Повлекување  готовина од АТМ или на шалтер на друга банка во странство – 3% +250 денари.
Членарини
  • Членарина за основна картичка - 50 денари месечно;
  • Членарина за дополнителна картичка - 50 денари месечно.
Трошоци
  • Издавање на картичка - 0 ден. за прво издавање;
  • Издавање и обнова на картичка - 150 денари;
  • Реиздавање ПИН-код - 200 денари;
  • Промена на ПИН-код на банкомат - 100 денари;
  • Реизработка на картичка поради губење, кражба или други оштети на картичката - 400 денари.

МЕРКИ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА

Веднаш потпишете ја картичката по нејзиното подигање на задната страна во просторот предвиден за тоа.
Внимавајте на сигурноста на вашата картичка. Не оставајте ја на видни места од кои може да биде украдена и не позајмувајте ја на други лица.
Информирајте нè веднаш за промена на вашите лични податоци (презиме, адреса, контакт-телефон...).

ТАЈНОСТ НА ПИН-КОДОТ

Вашиот ПИН-код чувајте го на сигурно место. Не го кажувајте никому, дури ни на вработени во Банката или во полиција.
Запомнете го ПИН-кодот - никогаш не го запишувајте и не го чувајте на исто место со вашата картичка.

ЗАШТИТА ПРИ ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА НА БАНКОМАТ

Пред употреба на картичката на банкомат, уверете се некој да не стои зад вас.
Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
Покријте ја Вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
Никогаш не прифаќајте помош од други лица при употребата на картичката на банкомат.
На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете вашата картичка од банкоматот.
Доколку се посомневате во веродостојноста и изгледот на банкоматот, веднаш напуштете ја локацијата.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ПРОДАЖНО МЕСТО

Кога купувате на продажно место со картичката, внимателно следете го извршувањето на целата трансакција со вашата картичка и инсистирајте што побрзо да ви ја вратат картичката.
Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на ПИН-кодот и вашиот потпис.
Покријте ја вашата рака додека го внесувате ПИН-кодот на ПОС терминалот на продажното место за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

ЗАШТИТА ПРИ КУПУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ/ТЕЛЕФОН

Никогаш не го внесувајте ПИН-кодот на интернет-страницата бидејќи тој никогаш не е потребен за реализирање нарачка.
При купување преку интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
Купувајте само од интернет-страници на проверени компании во кои имате доверба. Осигурајте се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.
Водете евиденција на интернет-страниците од кои купувате. Многу интернет-продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа. Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.
Доколку го откажувате плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на плаќањето, за да избегнете плаќање за веќе откажано плаќање.

СОВЕТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ МОЖНА ЗЛОУПОТРЕБА НА КАРТИЧКАТА

Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
Редовно и внимателно проверувајте ги месечните извештаи, дури и во случај да не сте ја користеле картичката во тековниот месец.
Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Банката на тел. +3892 32 47 000 локал 017.
Никогаш не го давајте бројот на вашата картичка преку телефон, освен ако се работи за контакт со одговорно лице од вашата банка.

Доколку ја изгубите или ви ја украдат картичката, ве молиме веднаш пријавете во контакт-центарот на телефонскиот број +389 2 32 47 000 локал 017.