•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Платежна сметка во девизи

Со отворањето девизна сметка во ТТК Банка, имате можност плаќањата, наплатата, документарното работење, работењето со акредитиви и гаранции и сл. да ги извршувате брзо и сигурно, во согласност со законската регулатива.

На девизната сметка можете да располагате со средства во повеќе валути, во согласност со вашите финансиски потреби од производи и услуги во платниот промет со странство.

Девизната сметка се активира веднаш по склучувањето на Договорот за отворање на сметка.

Со отворањето на девизна сметка во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:

  • вршење платен промет со странство;
  • целосен преглед на Вашата финансиска состојба во секој момент;
  • следење на состојбата и промените на Вашите сметки во Банката;
  • 24/7 пристап до Вашите сметки преку Интернет банкарство TTK E-bank и Мобилна апликација TTK M-bank;
  • можност за работење со картички од брендовите Mastercard® и Visa:
  • пристап до услугите без или со најниски надоместоци.

Повеќе информирајте се за работењето со девизна сметка! 

Кој може да отвори платежна сметка?

  • Правни лица - резиденти и нерезиденти.

Валута

  • Во странска валута (EUR, USD, AUD, CHF, GBP, CAD, DKK, SEK, NOK).

Потребни документи за отворање девизна сметка на правно лице - резидент

  • Денарска сметка во ТТК Банка, доколку барателот е клиент на Банката;
  • Доколку не е клиент на Банката потребно е да се отвори денарска сметка во Банката;
  • Барање за отворање сметка (достапно во Банката);
  • Решение за упис во трговскиот регистар, односно во регистарот на надлежниот орган или aкт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар и не е основан врз основа на закон или извадок од закон, ако учесникот е основан во согласност со закон;
  • Доказ за единствен даночен број ЕДБ;
  • ЗП Образец заверен на нотар;
  • Доказ дека сметката е пренесена од Министерството за финансии – Управа за јавни приходи или последен извод од сметка отворена во друга банка.

Потребни документи за отворање денарска сметка на правно лице - нерезидент 

  • Барање за отворање сметка (пополнето и потпишано од управителот или од овластено лице);
  • Регистрација на странското правно лице (оргинал или заверена од нотар или суд);
  • Извод од трговски регистар (не постар од 3 месеци);
  • Писмено овластување за лицата кои ќе ја застапуваат фирмата;
  • Документ за идентификација (нотарски заверена копија од пасош за лицата овластени за работа со сметката и од овластувачот);
  • Договор со нерезидентот, во кој се регулирани начинот на отворање, водење и затворање на сметките, начин на прием и извршување на налозите за плаќање и наплата, начин на известување за приливи и одливи на сметките и сите трошоци и провизии.

Тајност

  • Податоците за средствата на сметка се деловна тајна.