Уплата на средства на платежна сметка за физички лица
Вметнете ја картичката во отворот за внес на картичка на банкоматот.
Одберете јазик на кој што ќе ја вршите трансакцијата.
Откако ќе изберете јазик, на екранот ќе се појави порака со повеќе опции, одберете опција „Уплата на средства на моја платежна сметка - физичко лице“.
Потоа, на екранот ќе се појави порака за внес на ПИН-кодот за картичката (4 цифри). Внес на ПИН-кодот можете да направите преку тастатурата на банкоматот (бројките). Изберете продолжи.
Потоа, изберете ја сметката каде што ќе вршите уплата на средствата. Изберете продолжи.
Напомена: Не внесувајте повеќе од 40 банкноти оддеднаш. Уплата на ковани пари не е возможна.
Внесете ја готовината во отворот на банкоматот наменет за внес на готовина. На екранот ќе се појави порака „Броење на готовина“. По пребројувањето и идентификацијата на парите, на екранот ќе се појави износот на уплата и спецификација на банкнотите. Ако се согласувате со износот, изберете опција „Потврди“ за да продолжите со уплатата. По направената проверка, одберете дали сакате печатена потврда за направената трансакција со притискање на копчето покрај екранот (ДА или НЕ). По извршената трансакција за уплата, картичката ќе Ви биде вратена. Земете ја картичката од отворот. Доколку сакате да ја откажете уплатата, избрете опција „Откажи“ .
Уплата на дневен пазар за правни лица
Вметнете ја картичката во отворот за внес на картичка на банкоматот.
Одберете јазик на кој што ќе ја вршите трансакцијата.
Откако ќе изберете јазик, на екранот ќе се појави порака со повеќе опции, одберете опција „Уплата на дневен пазар - правно лице“.

|