•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Свечено отворена реновираната експозитура – АРМ во Тетово

Со задоволство ве известуваме дека денес свечено беше отворена реновираната експозитура на ТТК Банка АД Скопје - АРМ во Тетово.

Уредена според современите стандарди во банкарството, експозитурата располага со модерен и со пофункционален простор, создаден да обезбеди поголема удобност и поквалитетно корисничко искуство за клиентите, како и попријатно работно опкружување за вработените.

Посебно внимание е посветено на пристапноста, со цел сите клиенти да имаат лесен и непречен пристап до банкарските услуги.

На отворањето присуствуваа претседателот на Надзорниот одбор на Банката, членовите на Управниот одбор на Банката, акционери, клиенти, деловни соработници и вработени на Банката кои имаа можност да го посетат обновениот простор и да се запознаат со придобивките што ги нуди.

Во оваа прилика, претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, д-р Драгољуб Арсовски, истакна:

„Овој проект е дел од развојната стратегија на ТТК Банка АД Скопје и ја одразува нашата определба континуирано да инвестираме во унапредување на искуството што им го овозможуваме на клиентите. Нашата цел е да создадеме средина што ги поврзува професионалноста, достапноста и грижата за клиентите, како темелни вредности кои ги градиме и негуваме со години.“

Во експозитурата се достапни сите банкарски производи и услуги за физички и за правни лица, а тимот на ТТК Банка АД Скопје стои на располагање за стручна поддршка и за услуги приспособени на потребите на клиентите.

Услугите на експозитурата им се достапни на клиентите секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 8:00 до 16:00 часот.

Ве очекуваме во обновениот простор – создаден за уште поквалитетно и попристапно банкарско искуство.

Arrow left white Arrow left white