•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Нова експозитура на ТТК Банка АД Скопје во Скопје - Ѓорче Петров

ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа со отворање нова експозитура во Општина Ѓорче Петров во Скопје на ул. „Мице Козар“ бр. 1.
 
Експозитурата ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, со работно време од 8:00 до 16:00 часот.
 
На новата локација, Банката ќе им овозможи на  физичките и на правните лица сеопфатни банкарски услуги, со конкурентни и поволни услови.
 
„Со особено задоволство,  денес, свечено го означуваме почетокот на работата на новата експозитура на ТТК Банка АД Скопје на уште една атрактивна локација во Скопје, во Oпштина Ѓорче Петров. Наша цел е да им понудиме на нашите корисници што е можно подостапни производи и услуги и да им овозможиме брзa и ефикасна поддршка при реализација на нивните финансиски цели и потреби. ТТК Банка АД Скопје континуирано работи на својот раст, развивајќи и модернизирајќи ги своите производи и услуги, a исто така минатата година значајно ја прошири и мрежата банкомати којашто достигна над 80 локации’’ - истакна претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, проф. д-р Драгољуб Арсовски.

Со отворањето на новата експозитура, ТТК Банка АД Скопје ја прошири деловната мрежа на вкупно 30 локации, од кои 9 во Скопје, а останатите 21 надвор од главниот град.
 
Тековно сите корисници имаат можност да го користат електронското банкарство TTK E-bank и мобилното банкарство TTK M-bank без трошоци за активирање и за месечно одржување.
 
Банката, со својата стабилна пазарна позиција и потврден капацитет, континуирано остварува позитивни резултати. Еден од главните приоритети на ТТК Банка АД Скопје продолжува да биде постојаното вложување во новата технологија и понуда на брзи, поволни, едноставни и достапни производи и услуги.