•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Известување за предвремена исплата на пензиите од 28 март 2025 година

Со задоволство ве известуваме дека исплатата на пензиите за месец март ќе се изврши предвреме, на 28 март (петок) 2025 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка ќе можат да располагаат со пензијата од 28.3.2025 година и ќе можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 28.3.2025 година ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку интернет банкарство TTK E-bank или мобилната апликација TTK M-bank или со користење на платежните картички за плаќање во трговската мрежа.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје