Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензијата за месец февруари од понеделник, 3 март 2025 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка можат да располагаат со пензијата од понеделник 3.3.2025 година и можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 3.3.2025 година можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје