•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Едукативни работилници по повод Ден на штедењето 31 Октомври

По повод Светскиот ден на штедењето, a под мотото „Паметно штеди за иднина што вреди“, ТТК Банка АД Скопје организираше едукативни работилници за дечиња од градинки и од основни училишта.

Оваа година, над 650 дечиња од 18 градови учеа за важноста на штедењето преку интерактивни презентации и едукативни игри. Заедно со нашите вработени, дечињата активно учествуваа во дискусиите за управувањето со парите и поставувањето финансиски цели.

Добрите навики ги стекнуваме од мали нозе, а ние во ТТК Банка сме посветени на ширењето на свеста за штедењето и финансиската едукација кај децата и младите. Нашата мисија е да им помогнеме да развијат здрави финансиски навики и да се стекнат со знаења за финансиските производи и услуги.

Заедно, создаваме иднина што вреди!

Arrow left white Arrow left white