•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка со нова локација во Битола!

Со задоволство ве информираме дека денес, 13.11.2024 година, ТТК Банка го отвори својот нов шалтер во Битола, на булевар „1-ви Мај“ бр. 61 во рамки на објектот на општина Битола.

На новата локација, корисниците ќе добијат брза, ефикасна и професионална услуга при извршување на универзални банкарски активности: отворање на платежна сметка, платен промет во земјата, менувачко работење, депозитно работење, активирање на дигиталните услуги преку TTK Е-bank и TTK M-Bank, картично работење и останати банкарски услуги.

Проширувањето на нашата деловна мрежа е стратешка цел за подобрување на корисничкото искуство и зголемување на достапноста на производите и услугите на ТТК Банка.

Со отворањето на новиот шалтер, продолжуваме да го зајакнуваме нашето присуство во регионите каде што е потребно.

Со почит,

ТТК Банка