•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

XXX седница

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА XXX - тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр.02-2672/13 од 28.3.2019 година, XXX седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 29.5.2019 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Разгледување на Предлог-oдлука за измена и дополнување на Статутот на  ТТК Банка АД Скопје;
  2. Разгледување на Предлог-одлука за именување член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје;
  3. Разгледување на Предлог-одлука за промена на член на Одборот за наградување.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс:02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точката од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точката од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 3.5.2019 година до 16:00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул.„Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

ТТК Банка АД Скопје
Надзорен одбор