•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

XXXIII седница

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА XXXIII- тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-1744/2 од 27.2.2020 година, XXXIII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 31.3.2020 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со Предлог - oдлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
  2. Разгледување Финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје и Мислењето за Извештаите од Надзорниот одбор, со Предлог - одлука за усвојување на Извештаите и Мислењето;
  3. Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година, со Предлог - одлука за усвојување;
  4. Разгледување Предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година;
  5. Разгледување Предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивиденда за 2019 година (дивиденден календар);
  6. Разгледување Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година, со Предлог - одлука за усвојување;
  7. Разгледување Предлог - одлука за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје;
  8. Информација за резултатите од извршената оцена на соодветноста на кандидатот за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 7.3.2020 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точката од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 8.10.2020 година до 15:00, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

ТТК Банка АД Скопје
Надзорен одбор

1. ОДЛУКА за усвојување на Годишниот извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година и Мислењето од Надзорниот одбор 2. Годишен извештај за работењето на Банката во 2019 година 3. ОДЛУКА за усвојување на Финансиските извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година ревидирани од Друштвото за ревизија "Мур Стивенс" ДОО Скопје и Мислењето од Надзорниот одбор 4. ОДЛУКА за усвојување на Годишната сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година 5. ОДЛУКА за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2019 година 6. ОДЛУКА за определување на износот на дивидендата и датуму на исплата на дивиденда за 2019 година (дивиденден календар) 7. ОДЛУКА за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2019 година 8. ОДЛУКА за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје