•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

XXVIII седница

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА XXVIII - тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр. 02-2002/2 од 27.2.2018 година, XXVIII седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 30.3.2018 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2017 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
  2. Разгледување финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2017 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје (по НБРМ; по МСФИ) и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со предлог - одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;
  3. Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2017 година, со предлог - одлука за усвојување;
  4. Разгледување предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределенaта добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2017 година;
  5. Разгледување предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2017 година (дивиденден календар);
  6. Разгледување Извештај и оцена на работата на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2017 година, со предлог - одлука за усвојување;
  7. Разгледување предлог - одлука за избор друштво за ревизија за вршење ревизија на финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје;
  8. Разгледување предлог - одлука за именување член на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје;
  9. Разгледување предлог - одлука за измена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието на ТТК Банка АД Скопје.

Во согласност со предлог - одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата за 2017 година (дивиденден календар), донесена од Надзорниот одбор на Банката на 27.2.2018 година, предложениот износ на бруто-дивиденда за една обична акција изнесува 104,0000 денари, односно 10,40000% во однос на нејзината номинална вредност од 1.000,00 денари.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс:02/3131-387; e-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот  ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој  акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите може да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 8.3.2018 година до 16:00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

ТТК Банка АД Скопје
Надзорен одбор