•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

XXIX седница

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА XXIX - тата СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје   бр.02-1674/2 од 27.2.2019 година, XXIX седница на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 5.4.2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул. „Народен фронт“ бр.19 А во Скопје, со следниот предлог

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Разгледување Годишен извештај за работењето на ТТК Банка АД Скопје во 2018 година и Мислење по истиот од Надзорниот одбор, со предлог - одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето;
  2. Разгледување финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје за 2018 година ревидирани од Друштвото за ревизија „Грант Торнтон“ ДОО Скопје и Мислењето за извештаите од Надзорниот одбор, со предлог - одлука за усвојување на извештаите и Мислењето;
  3. Разгледување Годишна сметка на ТТК Банка АД Скопје за 2018 година, со предлог - одлука за усвојување;
  4. Разгледување предлог - одлука за покривање на загубата на ТТК Банка АД Скопје со 1.1.2018 година;
  5. Разгледување предлог - одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје за 2018 година;
  6. Разгледување предлог - одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2018 година (дивиденден календар);
  7. Разгледување Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје во 2018 година, со предлог - одлука за усвојување;
  8. Разгледување предлог - одлука за избор на друштво за ревизија за вршење ревизија на финансиски извештаи на ТТК Банка АД Скопје;
  9. Разгледување предлог - одлуки за измена на одлуки за именување член/ови на Надзорен одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Во согласност со предлог - одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивидендата за 2018 година (дивиденден календар), донесена од Надзорниот одбор на Банката на 27.2.2019 година, предложениот износ на бруто - дивиденда за една обична акција изнесува 105,00 денари, односно 10,50 % во однос на нејзината номинална вредност од 1.000,00 денари.

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 10.3.2019 година до 16:00 часот, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ Беверли Хилс, на ул.„Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

ТТК Банка АД Скопје
Надзорен одбор