•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

XL седница

Врз основа на член 41 и член 42 од Статутот на ТТК Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на


TТК БАНКА АД СКОПЈЕ
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


ЈАВЕН ПОВИК
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје бр. 02-4353/21 од 30.5.2023 година, Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се одржи на 4.7.2023 година (вторник) со почеток во 12 часот со следниот

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Усвојување на записникот од 39-тата седница на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 7.4.2023 година;
  2. Разгледување Предлог – одлука за именување член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје;
  3. Разгледување Предлог – одлука за разрешување и именување член на Одборот за наградување на членови на Надзорен одбор и на Одбор за ревизија на ТТК Банка АД Скопје;

Се повикуваат акционерите на ТТК Банка АД Скопје да учествуваат во работата на Собранието на акционерите.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на акционери е должен да го пријави своето учество најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието на акционери, со доставување пријава за учество до Секретаријатот на Банката (или на телефакс: 02/3131-387; е-пошта: sekretarijat@ttk.com.mk).

Собранието на акционери ќе одлучува само за прашања коишто се уредно ставени на Дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на акционери со писмено полномошно, за што е должен веднаш да ја извести Банката по писмен пат или електронски.

Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Гласањето по точките од Дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.

Акционерите можат да гласаат со кореспонденција, со испраќање пополнет образец кој во оригинал мора да биде примен во Банката најдоцна на 3.7.2023 година, до 15 часот. Заедно со образецот за гласање, акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот. Обрасците за гласање со кореспонденција и дополнителни информации за начинот на пополнување и идентификацијата на акционерите се достапни на интернет-страницата на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на Дневниот ред и одлуки по точките од Дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во Дневниот ред, предлози на одлуки и прашања, најдоцна до 8.6.2023 година, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Материјалите за Собранието на акционери и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден, во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“ на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Во согласност со член 390 од Законот за трговските друштва, а врз основа на Барањето за вклучување нова точка од дневниот ред на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје, закажано за ден 4.7.2023 година, доставено од акционери кои поседуваат над 5 % од вкупниот број акции со право на глас, ТТК Банка АД Скопје објавува


РЕВИДИРАН ДНЕВЕН РЕД


I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ

1. Отворање на Собранието.
2. Избор на претседавач на Собранието.

II. РАБОТЕН ДЕЛ

  1. Усвојување на записникот од 39-тата седница на Собранието на акционери на Банката одржана на ден 7.4.2023 година;
  2. Разгледување Предлог – одлука за именување член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје;
  3. Разгледување Предлог – одлука за разрешување и именување член на Одборот за наградување на членови на Надзорен одбор и на Одбор за ревизија на ТТК Банка АД Скопје;
  4. Разгледување Предлог – одлука за одобрување на исплата на парични средства по основ на награда.

Материјалите за Собранието на акционери и дополнителните информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите секој работен ден во просториите на Банката во ТЦ „Беверли Хилс“, на ул. „Народен фронт“ бр.19А во Скопје, во Секретаријатот на Банката и на официјалната интернет-страница на Банката www.ttk.com.mk.

Во останатиот дел, Јавниот повик за Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје закажано за 4.7.2023 година, објавен во весникот „Вечер“ на ден 1.6.2023 година, останува непроменет.




ТТК Банка АД Скопје
Надзорен одбор

Гласање преку коресподенција

Акционерот може да гласа преку кореспонденција со пополнување на образецот за гласање преку кореспонденција.

Акционерот доставува пополнет образец за гласање преку кореспонденција во писмена форма во оригинал, со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер, односно назив, печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционерот - правно лице.

Образецот мора да биде примен во Банката најдоцна до 3.7.2023 година до 15 часот.

Заедно со пополнетиот образец, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа:

  • За акционер - физичко лице се приложува:
    Копија од важечка лична карта или пасош.
  • За акционер - правно лице се приложува:
    Последна тековна состојба од Централниот регистар /во оригинал/, не постара од 30 дена.
    Копија од важечка лична карта или пасош на законскиот застапник.

Бараната документација треба да биде доставена во ТТК Банка АД Скопје, на ул. „Народен фронт“ бр. 19а Скопје Служба за секретаријат со назнака „за Собрание“.

Образец за физички лица (ревидиран)

Образец за правни лица (ревидиран)

Пример на пополнет образец (ревидиран)