•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Пристапност и инклузивност на банкарските услуги

hendikep

Пристапност и инклузивност на банкарските услуги

ТТК Банка е посветена на обезбедување достапност на своите услуги за сите клиенти, вклучително и за лица со попреченост и за лица со намалена подвижност. Банката активно работи на унапредување на пристапноста преку континуирано вложување во дигитални решенија и прилагодување на физичката инфраструктура. Со овие активности, ТТК Банка ја потврдува својата заложба за инклузивност, еднаков третман и унапредено корисничко искуство за сите категории клиенти.

1. Пристапни банкомати и експозитури

Дел од банкоматите и експозитурите се приспособени за полесен пристап, вклучително:
• подобрена физичка достапност;
• пристап за лица со инвалидска количка преку рампа/нулта ниво;
• прилагоден автоматски влез за лица со инвалидска количка;
• прилагодена висина и позиционирање на шалтерите /банкоматите.

Банката континуирано работи на отстранување на архитектонските бариери и унапредување на пристапноста, при што списокот на достапни локации редовно се ажурира на интернет-страницата на Банката.

Преглед на пристапни локации

2. Дигитални услуги (мобилно и електронско банкарство)

ТТК Банка ги позиционира дигиталните канали како најпристапен начин за користење банкарски услуги. Апликацијата ТТК М-Банк овозможува извршување на најголем дел од банкарските трансакции од дома, без потреба од посета на експозитура.

3. Поддршка и комуникација

Клиентите можат да добијат дополнителни информации или поддршка поврзана со пристапноста преку:
• официјалните комуникациски канали на Банката;
• мобилната апликација ТТК М-Банк.

За специфични информации за пристапноста на одредена експозитура или банкомат или за помош при влез, се препорачува директен контакт со Банката или проверка на интернет-страницата на Банката.