•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Ненаменски потрошувачки кредит за приматели на плата/пензија преку ТТК Банка АД Скопје

  • НИСКА ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ОД 5,90% ГОДИШНО ВО ПРВИТЕ ДВЕ ГОДИНИ
  • БЕЗ ЖИРАНТИ ДО 300.000 ДЕНАРИ
  • БЕЗ НАДОМЕСТОК ЗА ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА
Корисници
  • Физички лица државјани на РСМ, деловно способни лица над 18 години, вработени во редовен работен однос на неопределено или на определено време (само ако договорот се обновува непрекинато во последните 2 години или ако времетраењето на договорот го покрива периодот на кредитот) во државни институции, акционерски друштва, приватни фирми прифатливи за Банката, кои се приматели на плата преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Пензионери кои се приматели на пензија (од ПИОМ) преку ТТК Банка АД Скопје.
  • Месечниот ануитет треба да изнесува 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
  • Во кредитот не може да се вклучат ко-кредитобаратели.
  • За жирантите важат истите услови како за кредитобарателот.
Износ
  • Од 20.000 денари до 600.000 денари.
Валута
  • Во денари (МКД).
Каматна стапка

 5,90% 

годишна фиксна каматна стапка во првите две години

7,62% (НРКС + 6,50 процентни поени) годишна променлива каматна стапка  во остатокот од периодот на отплата. 

  • Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата во висина на договорната каматна стапка. Оваа камата се наплатува на денот на искористувањето на кредитот.
Рок на отплата
  • Од 12 месеци до 84 месеци.
Начин на отплата
  • Еднакви месечни ануитети кои достасуваат на 1-ви секој месец.
  • Кредитот се става во отплата на 1-ви наредниот месец од денот на исплатата.
Обезбедување
  • БЕЗ ЖИРАНТИ за кредити до 300.000 денари.
  • Меница со менична изјава (во форма на нотарски акт за кредит во износ над 400.000 денари).
  • За кредити од 300.001 до 600.000 денари потребен е 1 (еден) жирант.
  • Административна забрана на плата.
  • Траен налог.
  • По извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување, жирант/и.
Документи за наплата
  • Траен налог за наплата на месечните ануитети од сметката на кредитокорисникот.
Исплата
  • На платежна сметка на кредитокорисникот.
Надоместоци

ПРОМОТИВНО

НАМАЛЕН НАДОМЕСТОК ЗА ОДОБРУВАЊЕ кредит во промотивен период до 31.05.2023 година - 1,50% мин. 2.000 ден.

  • Обработка на барање за кредит - 600 денари, еднократно.
  • Надоместок за администрирање на кредитот - 0,2% на остатокот од долгот (годишно, однапред на главниот долг на кредитот).
Трошоци
  • Трошок за интеркаларна камата.
  • Трошок за меница/нотарски акт (доколку е потребно).
Вид на кредитот Ненаменски потрошувачки кредит
Износ 150.000,00 денари.
Рок на отплата 60 месеци.
Износ на ануитет 2.893,00 денари во првите две години; 2.967,00 денари за останатиот период.
Начин на отплата Еднакви месечни ануитети кои достасуваат секој 1-ви од месецот.
Каматна стапка 5,90% годишна фиксна к.с. во првите две години; 7,62% годишна променлива к.с. за остатокот од периодот на отплата.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 7,87%.
Вкупен износ за плаќање 180.227,00 денари.
Вкупниот износ кој го плаќа корисникот вклучува:
Износ на кредитот 150.000,00 денари.
Вкупен износ на камата за кредитот 26.240,00 денари (во овој износ не е вклучен износот на интеркаларна камата).
Надоместок за обработка на барање 500,00 денари.
Надоместок за одобрување на кредитот 2.250,00 денари (намален надоместок во промотивен период до 31.05.2023 година).
Надоместок за администрирање на кредитот 937,00 денари.
Трошок за меница 200 денари
Трошоци кои не се опфатени во пресметката на СВТ и/или не се познати: /
Датум на пример 1.1.2023 година.