•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредитна линија Земјоделски кредитен фонд преку РБСМ

Корисници
  • Мали и средни претпријатија кои се над 51% во приватна сопственост, кои се занимаваат со примарно земјоделско стопанство, и тоа:
    • Постојни мали и средни трговски друштва кои остваруваат позитивен финансиски резултат;
    • Нови мали и средни трговски друштва;
    • Носители на земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за упис во Единствен регистар на земјоделски стопанства.
Намена
  • Основни средства (опрема во капацитетите за преработка на овошје, зеленчук, млеко, пченица, месо, грозје, компоненти на добиточна храна, растителни масла цврсти масти, печурки, зачински, лековити и ароматични производи, специјални транспортни средства со разладни уреди, изградба, купување нови или реконструкција на постојни производни објекти, инвестиции за намалување на негативното влијание врз животната средина);
  • Обртни средства (откуп на земјоделски производи каде што најмалку 70% од основната суровина за преработка треба да биде со потекло од домашно производство, компоненти за производство на добиточна храна, компоненти од неземјоделско производство - најмногу 30% од инвестицијата, амбалажа и етикетирање);
  • Услуги за воведување стандарди и ознаки (трошоци за воведување стандарди за квалитет и безбедност на храната, трошоци за регистрација и добивање право на користење географска ознака, ознака за потекло и традиционален специјалитет).

Со средствата од кредитот не се финансираат трговски активности, купување други правни лица, инвестиции за кои веќе се одобрени кредити и сл.

Валута
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула.
Рок
  • До 3 години за трајни обртни средства;
  • До 7 години со вклучен грејс-период до 12 месеци.
Износ
  • Максимален износ на кредитот 100.000 евра за примарно земјоделско производство;
  • Максимален износ на кредитот 200.000 евра за преработка на земјоделски производи и за извоз на примарни производи;
  • Кредитобарателот треба да обезбеди минимум 20% сопствени средства од вкупната инвестиција.
Каматна стапка
  • Договорна фиксна каматна стапка 4% на годишно ниво;
  • Законска казнена каматна стапка 20,75% годишно за достасани, а не подмирени обврски за кредит во денари со девизна клаузула и девизи, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата.
Начин на пресметка и плаќање
  • Пресметката на каматата е декурзивна, со примена на пропорционална метода , а се врши на денот на достасување на побарувањето и е содржана во амортизациониот план, изразена во странска валута;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед : трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина;
  • Отплатата е со квартални ануитети.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во однос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, права и хартии од вредност;
  • Меници;
  • Рачен залог на опрема;
  • Залог на недвижен имот и подвижни предмети и права од личниот имот на основачите;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително со Банката.
Исплата
  • Во корист на жиро-сметка на правното лице;
  • Безготовинска исплата на продавачот на опремата, врз основа на приложена фактура и цесија.
Пример
Износ на кредит (во евра) Рок на отплата Каматна стапка Тромесечна рата (во евра)
100.000 евра

84 месеци

(со вклучен грејс-период од 12 месеци)

4% 4.112 евра