•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Кредитна линија V од ЕИБ преку РБСМ

Со воведувањето на ЕИБ кредитната линија, ТТК Банка продолжува со интензивната поддршка на развојот на малите и средните претпријатија во Република Северна Македонија, преку зајакнување на конкурентските предности на домашното стопанство. Средствата од оваа кредитна линија, ТТК Банка ќе ги пласира преку широка понуда на исклучително поволни кредити за инвестиции и развој, прилагодени на потребите и можностите на домашните мали и средни претпријатија.
Примарна цел на кредитната линија од Европската инвестициона банка е обезбедување свеж капитал за поддршка на малите и средните претпријатија кој ќе биде насочен кон реализација на нови инвестициски проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз. Oваа кредитна линија им овозможува на претпријатијата брзо и едноставно да ја модернизираат својата опрема и машини, да инвестираат во набавка на нови возила, да го адаптираат, до го купат или да го изградат деловниот простор и на тој начин да го унапредат своето работење.
Европската инвестициона банка e финансиска институција на Европската Унија, формирана во 1958 година со Римскиот договор. Учествува рамо до рамо со локалните финансиски институции во финансирањето инвестициони програми кои се дел од целите на Европската Унија.

Општи услови
Корисници
  • Сите мали и средни друштва кои не надминуваат 250 вработени, освен за приоритетни проекти каде што се прифатливи друштва од секоја големина.
Забрани и исклучувања (проекти кои не се финансираат)
  • Производство на оружје и муниција, борбени средства, воена и полициска опрема или инфраструктура и опрема или инфраструктура која ги ограничува индивидуалните човекови права и слободи (т.е. затвор или центри за задржување од каква било форма);
  • Коцкарници, игри на среќа и друг вид поврзана опрема;
  • Производство, обработка и дистрибуција на тутун;
  • Активности кои вклучуваат живи животни за експериментални и научни цели;
  • Активности кои поттикнуваат негативни влијанија врз животната средина;
  • Сектори кои етички или морално се сметаат за контроверзни (на пример: истражување во врска со клонирање на човек);
  • Развој на активностите со недвижнини;
  • Проекти со пресметковна вредност поголема од 25.000.000 евра.

Обезбедување

  • За обезбедување на кредитот се користат вообичаени инструменти за обезбедување во согласност со Кредитната политика на Банката (хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, меници и др.).
Рок на користење на кредитот
  • Во рок од 2 (два) месеци од датумот на одобрување на кредитот.
Провизија за предвремено враќање на кредитот
  • 3% од износот којшто се враќа пред рокот на достасување.

МСП инвестициони кредити од ЕИБ
Намена
  • За купување материјални средства:
    • Недвижност (освен земјиште);
    • Опрема;
    • Обртни средства (не повеќе од 30% од вредноста на кредитот).
  • За инвестиции во нематеријални средства:
    • Развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и друго поврзано со фазата на истражување и развој.
Валута
  • Во евра (ЕУР).
Износ
  • Од 10.000 евра до 3.500.000 евра (за мали и средни претпријатија);
  • Од 20.000 евра до 6.000.000 евра (за мид-кап претпријатија).
Рок на отплата
  • Од 4 години до 12 години со грејс-период до 24 месеци.
Начин на отплата
  • Квартални ануитети.
Каматна стапка
  • до 3,2% годишна фиксна каматна стапка (казнена каматна стапка од 20,75% годишно за достасани, а не подмирени обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата).
Можност за рефинансирање
  • Инвестиција која е завршена не повеќе од 6 месеци од датумот на поднесување на барањето.

МСП кредити за трајни обртни средства од ЕИБ
Намена
  • За обртен капитал во услови на експанзија на бизнис активностите на компанијата.
Валута

  • Во евра (ЕУР).
Износ

  • До 6.000.000 евра.
Рок на отплата
  • Од 2 до 3 години со грејс-период до 6 месеци.
Начин на отплата
  • Квартални ануитети.
Каматна стапка
  • до 3,2% годишна фиксна каматна стапка (казнена каматна стапка од 20,75% годишно за достасани, а не подмирени обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата).

Приоритетни проекти
Намена
  • Финансиска поддршка на проекти поднесени од крајни корисници од која било големина или сопственост кои дејствуваат во областа на енергијата, екологијата, индустријата, здравството, образованието, услугите и туризмот.
Валута

  • Во евра (ЕУР).
Износ

  • До 12.500.000 евра.
Рок на отплата
  • Од 4 години до 12 години со грејс-период до 24 месеци.
Начин на отплата
  • Квартални ануитети.
Каматна стапка
  • до 5,5% годишна фиксна каматна стапка (казнена каматна стапка од 20,75% годишно за достасани, а не подмирени обврски, пресметана од денот на достасување до денот на наплатата).