•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

Краткорочен кредит

Инвестирајте во профитабилни проекти и остварете ги Вашите бизнис цели. Пронајдете го оптималното финансиско решение за работењето на Вашата компанија.

Корисници
  • Мали и средни претпијатија. големи клиенти.
Намена
  • За финансирање краткорочни потреби на клиентите за обртни средства и подобрување на тековната ликвидност. 
Валута
  • Во денари (МКД);
  • Во денари (МКД) со девизна клаузула;
  • Во евра (ЕУР).
Рок
  • До 12 (дванаесет) месеци.
Износ
  • Во зависност од кредитната способност, бонитетот на клиентот, како и од типот и вредноста на инструментите за обезбедување.
Каматна стапка
  • 5,0%-8,5% годишна фиксна каматна стапка во денари;
  • 4,5%-8,0% годишна фиксна каматна стапка за кредити во денари со девизна клаузула/девизи;
    (Каматната стапка од распонот се утврдува во зависност од кредитната способност и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и квалитетот на понуденото обезбедување);
  • + 2,5 процентни поени (фиксно) над каматната стапка на депозитот (над пасивната каматна стапка). Висината на кредитот изнесува до 95% од износот на депозитот;
  • Договорна казнена каматна стапка од 24,45% годишно за кредит во денари за достасани, а не подмирени обврски;
  • Договорна казнена каматна стапка од 20,75% годишно за кредит во денари (МКД) со девизна клаузула/девизи за достасани, а не подмирени обврски.
Начин на пресметка и плаќање
  • Каматната стапка е прилагодлива. Прилагодувањето се врши полугодишно во согласност со промената на националната каматна стапка НРКС (за кредити во денари), односно 6м ЕУРИБОР (за кредити во денари со девизна клаузула/девизи);
  • Пресметката на каматата е декурзивна со примена на конформна метода;
  • За револвинг кредити каматата се пресметува и се задолжува на крајот на месецот;
  • Кај кредитите со еднократно враќање каматата доспева на различни денови во текот на месецот (во согласност со датумот на одoбрувањето на кредитот) содржана во амортизацискиот план;
  • За кредити со отплата во рати, пресметката на каматата се врши на денот на достасување на побарувањето и содржана е во амортизациониот план;
  • Затворањето на обврските се врши по старост и по следниот редослед: трошоци, надоместоци, казнена камата, договорна камата, достасана главнина.
Обезбедување
  • Хипотека на недвижен имот, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Залог на подвижни предмети, во сооднос кој ќе го утврди Банката;
  • Гаранција од друга банка, депозит во депо, орочен депозит;
  • Друг вид обезбедување кој се договара дополнително.
Исплата
  • На платежна сметка на правното лице;
  • За плаќање во странство по налог на корисникот на кредитот.