Првиот училишен ден е еден од најубавите и највозбудливи моменти за децата и нивните родители. Во рамки на програмата за бенефиции за вработените и како дел од Политиката за одржливост и ЕСГ активностите и оваа година ТТК Банка реализираше финансиска поддршка за секое прваче- дете на вработен.
Истовремено, ТТК Банка овозможува и слободен ден (платено отсуство) за секој вработен кој има дете- прваче, со цел родителите да имаат можност да присуствуваат на посебниот момент кога децата- првачиња за првпат ќе седнат во училишните клупи.
На овој начин сакаме да придонесеме за создавање убави спомени кои ќе ги паметат и децата и нивните родители, правејќи го почетокот на училишната година радосен и незаборавен.
TTK Банка континуирано презема иницијативи насочени кон постигнување рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот на своите вработени.
На сите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу стекнати знаења и нови вештини!
