Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје започна со исплата на пензијата за месец октомври од денеска, 1 ноември 2024 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка можат да располагаат со пензијата од петок 1.11.2024 година и можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 1.11.2024 година можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
Со почит,
ТТК Банка АД Скопје