•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП бр. 16/2024) за избор на најповолен понудувач за снабдување со електрична енергија

ТТК БАНКА АД Скопје објавува Јавен повик за избор на најповолен понудувач за снабдување со електрична енергија за потребите на Банката за 2024 година.

 

Снабдувањето ќе се врши во период од една година, поточно во периодот од 1.4.2024-31.3.2025 година.

 

Предвидената потребна количина електрична енергија за период од една година изнесува околу 800.000 KWh.

 

Напомена: Претпоставената количина за набавка е ориентациона, добиена врз основа на историски податок за потрошена електрична енергија во претходните три години, плус околу 15 % зголемување заради проширување на деловното работење на Банката. Банката не презема обврска за целосно искористување на предвидените количини.

 

По прифаќање на најповолната понуда, ТТК Банка АД Скопје ќе склучи договор за снабдување со избраниот добавувач.

 

Форма и содржина на понудата:

1.  Понудата се изработува во писмена форма

 

2.  Понудата треба да содржи:

  • Назив, адреса и седиште на понудувачот, телефонски број, адреса за е-пошта и лица за контакт.
  • Износ на месечната маржа на снабдувачот со сите вклучени трошоци за снабдување со електричната енергија.

 

Изборот на најповолен понудувач ќе се врши врз основа на елементите на критериумот „најниска цена/маржа“.  

 

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следната адреса:

 

ТТК БАНКА АД Скопје

ул. „Народен фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје

(со назнака Електрична енергија).

 

или скенирана на адресата за е-пошта: nabavki@ttk.com.mk

 

Рокот за доставување на понудите е 15.3.2024 година до 14:00 часот.