•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ЈАВЕН ПОВИК (ПЈП бр.30/2024) за избор на најповолен понудувач за набавка на Пос терминали

Почитувани,

 

ТТК БАНКА АД Скопје објавува повик за избор на најповолен понудувач за набавка на 50 ПОС терминали, согласно дадената техничка спецификација. Прилог 1, Техничка спецификација

 

Предмет на набавка: Набавка на 50 ПОС терминали

 

Предметот на набавка не е делив на делови.

 

Критериум за избор: Изборот ќе се врши врз основа на критериумот економски најповолна понуда, поточно

-       цена – до 80 бода и

-       гаранција – до 20 бода

 

 Облик и содржина на понудата:

1.  Понудата се изработува во писмен облик

2.  Понудата треба да содржи:

  • Назив, адреса и седиште на понудувачот, телефонски број, e-mail адреса и лица за контакт
  • Цена на понудата, со посебно изразен ДДВ.
  • Рок и начин на испорака
  • Гаранциски период (рок за рекламација на купените производи)

 

 

Лицa за контакт од Банката:

-          Владимир Крстевски, емаил: vladimir.krstevski@ttk.com.mk, телефон: 070 282 024

 

Понудите се доставуваат во оригинал или копија во затворен коверт во писарницата на Банката на следната адреса:

ТТК БАНКА АД Скопје

Ул. Народен фронт 19а, 1000 Скопје

(со назнака ПОС терминали).

 

Рокот за доставување на понудите е 14.08.2024 година  до 16.00 часот.

 

 

Прилог: спецификација