•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

TTK Банка АД Скопје ја исплати каматата за четвртата година на сопствениците на корпоративни обврзници - прва емисија

ТТК Банка АД Скопје на 18.9.2023 година ја исплати каматата за четвртата година на сопствениците на корпоративни обврзници – прва емисија со ISIN MKTTKS200012 и шифра TTKO. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница - прва емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.9.2023 година. 

 

Во септември 2019 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде првата емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100 % од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра, и фиксна каматна стапка од 3,5 % на годишно ниво. Каматата се пресметува и исплатува во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на пресметката на исплатата.

 

Обврзниците се котирани на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје каде што се овозможува секундарно тргување со истите.