•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

Предлози, пофалби, поплаки

Грижа за корисници

Задоволството на нашите корисници и посетителите е нашата цел и причина за постојано подобрување на корисничкото искуство и квалитетот на производите и услугите кои ги нудиме.

Со Вашите предлози, поплаки и пофалби придонесувате во подобрување на нашата взаемна и успешна соработка.

Доколку сметате дека во Вашиот деловен однос и работењето со ТТК Банка АД Скопје Ви е повредено, скратено или одземено некое право, предлагаме недоразбирањето, настанот или случката најпрво да ја решите усмено со обраќање кон вработените во експозитурите и филијалите. Во повеќето случаи, недоразбирањето, спорниот настан или случка, на тој начин може да се реши полесно, брзо и едноставно, на взаемно задоволство.


Начини на обраќање

Доколку не сте ја добиле потребната информација или услуга со усменото обраќање кон вработените на Банката или не сакате да се обратите по усмен пат, до Банката можете да испратите предлог, поплака, пофалба по електронски или писмен пат на еден од следните начини:

  • Преку формата - (достапна во страничното вертикално мени на почетната и на секоја внатрешна страница на интернет-страницата  на ТТК Банка);
  • Со испраќање на формулар/своерачен допис на е-адресата: ttk@ttk.com.mk;
  • Со испраќање на  формулар/своерачен допис по пошта на адресата: ТТК БАНКА АД Скопје, ул. „Народен фронт" бр.19а, 1000 Скопје;
  • Со достава на формуларот/своерачниот допис, лично во експозитурите и филијалите на Банката или во писарницата на Банката која се наоѓа на следната адреса: ТТК БАНКА АД Скопје, ул. „Народен фронт" бр.19а, 1000 Скопје.

Задолжителни податоци при обраќање за поплака

Обраќањето кон ТТК Банка на еден од гореопишаните начини преку прифатливите форми треба да ги содржи најмалку следните податоци:

  • Име и презиме на корисникот;
  • Детален опис на настанот/случката или околностите кои предизвикале незадоволство на корисникот, а се предмет или доказ за основаноста на поплаката;
  • Електронска пошта;
  • Адреса за достава на одговорот на поплаката (доколку одговорот се доставува по пошта).

ТТК Банка АД Скопје во рок од 15 работни дена, од денот на прием на поплаката во Банката, ќе достави одговор на поплаката до клиентот, освен ако законската регулатива има пропишано друг рок за достава на одговор на поплака до клиент. Во случај доколку поплаката не ги содржи основните податоци или пак податоци кои се потребни за постапување по основ на поплаката, Банката ќе побара дополнување на потребните податоци од подносителот на поплаката.