•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА

ТТК Банка со финансиска поддршка за најмладите банкари

Овој септември, почетокот на новата учебна година и првиот училишен ден за првачињата на вработените во ТТК Банка се уште повозбудливи!
Во рамки на програмата за бенефиции за вработените и како дел од Политиката за одржливост и ЕСГ активностите на ТТК Банка АД Скопје, од оваа година, ТТК Банка воведува нова бенефиција - финансиска поддршка за секое прваче- дете на вработен.
Истовремено, ТТК Банка овозможува слободен ден (платено отсуство) за секој вработен кој има дете- прваче, со цел родителите да имаат можност да присуствуваат на посебниот момент кога децата- првачиња за првпат ќе седнат во училишните клупи и да се прилагодат на новата фаза од животот.
На овој начин сакаме да учествуваме во создавање спомени кои ќе ги паметат и децата и родителите и да го направиме почетокот на училишниот период незаборавен.
TTK Банка континуирано презема иницијативи насочени кон постигнување рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот. Слободниот ден за секој вработен кој има дете прваче и финансиската поддршка за секое прваче се само дел од активностите кои Банката ги спроведува за да се погрижи вработените покрај успешното извршување на работата, да уживаат и во важните моменти со семејството.
Им посакуваме среќен почеток на новата учебна година, многу стекнати знаења и нови вештини на сите ученици!