•  
ФИЗИЧКИ ЛИЦАПРАВНИ ЛИЦАЗА БАНКАТА
Edit

ТТК Банка со учество на Скопскиот маратон 2026

Упорност, спортски дух и мотивација за нови успеси — со оваа енергија нашиот тим беше дел од 22. издание на Скопскиот Виз Ер Маратон, кое годинава обедини рекордни 15.050 учесници од 63 земји.

На маратонот ТТК Банка ја претставуваа 23 наши колеги — 1 маратонец, 5 полумаратонци и 17 учесници на трката на 5 километри.

Скопскиот маратон ги исполни градските улици со енергија и со илјадници приказни за решителноста да се надминат сопствените граници и да се стигне до целта. Секој со свое темпо, а сите дел од една убава урбана приказна во која свој придонес даде и тимот на ТТК Банка.

Им честитаме на нашите колеги за вложениот труд и истрајноста. Горди сме на нив и на ентузијазмот со кој ја претставуваа ТТК Банка! 👏🏅

Arrow left white